1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГлобално

Столтенберг: Русија не смее да победи во војната во Украина

ЖА / агенции
4 август 2022

Генералниот секретар на НАТО ја обвини Русија за напад врз актуелниот светски поредок и истакна – Кремљ не смее да извојува победа во војната во Украина

Norwegen | NATO Generalsekretär Jens Stoltenberg hält Rede in Utoya
Фотографија: JACOB GRONHOLT-PEDERSEN/REUTERS

Генералниот секретар на  НАТО,  Јенс Столтенберг ја обвини Русија дека со војната во Украина „врши напад врз актуелниот светски поредок“. Во наш интерес е ваквиот начин на агресивна политика да не биде успешен“, изјави Столтенберг во говор на норвешкиот остров Утоја кај Осло. Русија не смее да ја добие војната во Украина. Станува збор за  најопасната ситуација  во која се наоѓа Европа од Втората светска војна досега, изјави Столтенберг. Истовремено, тој ја истакна одбранбената одлучност на Алијансата. Доколку рускиот претседател Владимир Путин се обиде да се однесува на сличен начин кон земја која е членка на НАТО, ќе реагира целата Алијанса, порача Столтенберг.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми