1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКосово

Столтенберг: На Косово мора да се избегне ескалација

ЕМФ | бета
22 ноември 2022

НАТИ и КФОР остануваат будни, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по неуспешните разговори на Белград и Приштина за регистарските таблички. Тој бара избегнување на ескалација на Косово.

Војници на КФОР на контролен пункт кај Лепосавиќ, Косово
Војници на КФОР на контролен пункт кај Лепосавиќ, КосовоФотографија: Bojan Slavkovic/AP/dpa/picture alliance

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека на Косово мора да се избегне ескалација. Оценката доаѓа по неуспешните разговори меѓу Белград и Приштина за прашањето за задолжителна пререгистрација на регистарските таблички.

„Разговарав со (шефот на европската дипломатија) Жозеп Борел. Разочарани сме што не е можно да се реши спорот за регистарските таблички“, напиша Столтенберг на Твитер.

Според него, „сега е време за одговорност и прагматични решенија“ и „мора да се избегне ескалација“.

„НАТО и КФОР остануваат будни“, додаде генералниот секретар на НАТО.

Борел вчера (21.11) во Брисел, по осумчасовните средби со лидерите на Србија и Косово, изјави дека Белград го прифатил предлогот на ЕУ за излез од кризата за прашањето за регистарските таблички, а Приштина тоа не го сторила.

По одвоените средби и трилатералниот состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, Борел побара Косово веднаш да ги суспендира натамошните чекори поврзани со пререгистрацијата на регистарските таблички, а Србија да го прекине со издавањето на регистарски таблички за градовите во Косово, вклучително и КМ-табличките.

По разговорите во Брисел, американскиот амбасадор на Косово, Џефри Ховенијер, соопшти дека САД се загрижени поради тоа што Белград и Приштина не постигнале договор за решение на кризата на Косово. Потоа косовскиот премиер Курти на Твитер објави дека го прифаќа барањето на САД и дека за 48 часа ја одлага примената на мерката на казнување на возачите кои не ги промениле регистарските таблички со српски ознаки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми