1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Столтенберг го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас

ДТЗ
22 ноември 2023

Договорот предвидува милитантната исламистичка група Хамас да ослободи приближно 50 од околу 240 заложници што ги киднапираше во Појасот Газа.

Јенс Столтенберг
Столтенберг од Скопје го поздрави договорот меѓу Израел и ХамасФотографија: Government of North Macedonia

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е на неформален состанок на лидери на НАТО во Скопје, го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас за ослободување заложници.

„Го поздравувам договорот меѓу Хамас и Израел што треба да доведе до ослободување на заложниците и ќе овозможи доставување на хуманитарната помош“, порача Столтенберг.

Претходно и ЕУ го поздрави постигнатиот договор за ослободување на 50-те заложници и за пауза во непријателствата. „Секој ден во кој овие мајки и деца се држат како заложници од терористите е премногу. Ја споделувам радоста на семејствата кои наскоро ќе можат повторно да ги прегрнат своите најблиски“, се вели во пораката на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. 

Договорот предвидува Хамас да ослободи приближно 50 од околу 240 заложници што ги киднапираше во Појасот Газа Фотографија: Ariel Schalit/AP Photo/picture alliance

Што предвидува договорот?

Израелската влада одобри прекин на огнот во војната против Хамас. Договорот предвидува милитантната исламистичка група да ослободи приближно 50 од околу 240 заложници што ги киднапираше во Појасот Газа за време на терористичкиот напад врз Израел на 7-ми октомври. Примирјето исто така овозможува хуманитарна помош за Појасот Газа.

Хамас го потврди ослободувањето на 50-те заложници во рамки на четиридневниот прекин на огнот и рече дека договорот за возврат предвидува ослободување на 150 палестински затвореници.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми