1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Столтенберг: Зголемување на трупите на НАТО на Балканот

ЕМФ | агенции
21 ноември 2023

НАТО ја испитува можноста за перманентно зголемување на силите на Западен Балкан за да се држат под контрола тензиите во регионот, изјави генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг во Косово.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг
Генералниот секретар на НАТО, Јенс СтолтенбергФотографија: Armin Durgut/AP/picture alliance

НАТО ги испитува можностите за зголемување на трупите на Западен Балкан. „Проверуваме дали треба да имаме перманентно зголемување (на трупите, н.з.) за да се осигура дека спиралата нема да излезе од контрола и да креира нов конфликт на Косово или пошироко во регионот“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер вчера (19.11) во Косово.

Мисијата на КФОР на Косово постои од 1999 година и во моментов опфаќа над 4500 војници од 27 земји.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во Приштина разговараше со косовскиот премиер Албин Курти. По средбата косовската влада соопшти дека се разговарало за повеќе теми, а премиерот во детали зборувал за вооружувањето кое Србија го има на границата со Косово.

Претходно Столтенберг ја посети Босна и Херцеговина, каде му даде поддршка на Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит. Тој изрази задоволство што е продолжена мисијата ЕУФОР во БиХ, истакнувајќи дека НАТО „не може и нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ“.

Генералниот секретар на НАТО денеска е во посета на Северна Македонија и Србија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми