1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се стопираат огласите за вработување по балансер

ДТЗ
30 септември 2024

Се додека не биде донесена конечната одлука на уставните судии, се прекинуваат постапките за вработување во институциите од јавниот сектор, ако во јавниот оглас се наведува припадност на заедница

администрација
Стоп за балансерот - се замрзнуваат вработувањата по етничка припадност во администрацијатаФотографија: picture-alliance/ZB

Времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“ ги замрзна етничките вработувања во јавната администрација. Се додека не биде донесена конечната одлука на уставните судии, се прекинуваат постапките за вработување во институциите од јавниот сектор, ако во јавниот оглас се наведува припадност на заедница, а кандидатот се обврзува во пријавата да ја истакне припадност на заедница. 

Насоки за администрацијата 

Ова е една од насоките на Министерството за јавна администрација упатено до институциите од јавниот сектор по одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот. Постапката за вработување продолжува за огласите што не ги содржат спорните одредби, односно во кои не е наведена припадност на заедница, ниту, пак, кандидатите се обрзуваат да  истакнат на која заедница припаѓаат.

Во регистарот на вработени во јавниот сектор нема да се евидентираат податоците за вработените во институциите.

Насоките следат откако уставните судии на седницата одржана на 18 септември одлучија да отворат предмет за употребата на балансерот при вработувањата во јавната администрација. 

Насоките следат откако уставните судии на седницата одржана на 18 септември одлучија да отворат предмет за употребата на балансерот при вработувањата во јавната администрација.Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Klose

На седницата уставните судии расправаа дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Претседателот на Уставниот суд и судија известител по предметот, оформен по иницијатива од ДКСК, Дарко Костадиновски, нагласи дека апсолутно не зборуваат за укинување на нечии права и дека според него оваа афирмативна мерка ја има исполнето својата цел и оти само мерит системот и компетентноста треба да се единствен критериум за вработување и унапредување.

Антикорупциската комисија на седницата одржана на 11 јануари одлучи да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преспитување на алатката „балансер“, бидејќи сметаат дека со ова се прават злоупотреби при вработувањата.

Место балансер - закон за правична застапеност 

Место балансер, од коалицијата „Вреди“ најавија Закон за правична застапеност.

„Во принцип „балансерот“ беше во функција на спроведување на Рамковниот договор и правична застапеност на помалите заедници во државната и јавната администрација. За волја на вистината, првите години даде придонес во тоа и се подобри сликата на етничката припадност во јавна и државна администрација“,изјави неодамна првиот вицепремиер и министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Но, според него, во последните години не беше во функција туку имаше контраефект. „ Така што, балансерот е надвор од својата функција. Имаме политички договор тоа да се среди со Закон за правична застапеност, но и квалитет“, порача Меџити.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми