1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотици мртви пингвини на уругвајскиот брег

ЕМФ / дв
22 јули 2023

На источниот брег на Уругвај се пронајдени околу 2.000 мртви пингвини. Експертите сметаат дека прекумерниот риболов на морињата е причина за масовното истребување.

Пингвини Уругвај
Стотици мртви пингвини на брегот на УругвајФотографија: Stringer/AFP/Getty Images

Ополномоштеничката во Министерството за животна средина, Кармен Леизагојен, за агенцијата АФП изјави дека 90 отсто од пингвините се млади магелански пингвини кои умреле во Атлантикот, а потоа биле исфрлени на плажите во окрузите Канелонес, Малдонадо и Роча. Според неа, младите пингвини немале резерви на маснотии.

Според еколозите, пингвините сѐ повеќе страдаат поради прекумерен риболов на морињатаФотографија: Stringer/AFP/Getty Images

Не станува збор за вирус на птичји грип

Причините за масовниот помор сè уште не се целосно разјаснети. Вирус на птичји грип не е откриен кај ниту еден од мртвите пингвини, нагласи Леизагојен. Магеланските пингвини се гнездат во јужна Аргентина. Кога на јужната хемисфера доаѓа зима, тие мигрираат на север во потрага по храна и потопли води, а потоа се населуваат во соседната земја на Уругвај, Бразил.

„Нормално е да умре одреден процент пингвини, но не и толкав број“, потенцира Леизагојен. Според неа, сличен помор на пингвини имало во Бразил минатата година. И причините за тој помор не се познати до денес.

Магеланските пингвини се гнездат во јужна АргентинаФотографија: Robert Seitz/imageBROKER/picture alliance

Екологистите зборуваат за недостиг на храна

Според еколозите, пингвините сѐ повеќе страдаат поради прекумерен риболов на морињата. Ричард Тесоре од организацијата SOS Rescate Fauna Marina, укажува и на бура во Атлантикот во средината на јули, која можеби довела до смрт на многу ранливи животни. Покрај пингвините, последниве денови на плажите на Малдонадо се појавија и мртви морски птици, морски желки и морски лавови, вели Тесоре.

Шефот на еколошката организација Ambiente de Rocha, Родриго Гарсија, повика на формирање на морски заштитени подрачја. „Пингвинот ни го покажува врвот на ледениот брег на страшната ситуација што ја доживува целиот југозападен Атлантик поради нелегалниот, нерегистриран, нерегулиран риболов“, објаснува тој.

Истополова двојка пингвини посвои јајце

01:32

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми