1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоТајланд

Тајланд ги легализираше истополовите бракови

СН/агенции
23 јануари 2025

Тајланд стана првата земја во Југоисточна Азија која ги легализираше истополовите бракови. ЛГБТК+ активистите се надеваат на повеќе од 1.000 регистрации во текот на денот, во кој стапи во сила соодветниот закон,

Истополова двојка од Тајланд склучи брак веднаш по стапувањето во сила на соодветниот закон
Истополова двојка од Тајланд склучи брак веднаш по стапувањето во сила на соодветниот законФотографија: Chanakarn Laosarakham/AFP/Getty Images

Во Тајланд денеска стапи во сила законот за легализирање на истополовите бракови, што ја прави земјата прва во Југоисточна Азија и трета во Азија, по Тајван и Непал, која ги легализира таквите бракови. Околу 300 двојки се очекува да се венчаат подоцна денеска на прослава во трговски центар во центарот на Бангкок по стапувањето на сила на Законот за еднаквост во бракот.

Се очекува уште стотици да се венчаат во окрузите низ целата земја.

Активистите рекоа дека се надеваат дека најмалку 1.448 истополови бракови ќе бидат склучени денеска.

Тајландскиот Закон за еднаквост на бракот има за цел да им даде целосни правни, финансиски и медицински права на ЛГБТК+ двојките.

Партнерите ќе имаат еднакви права и одговорности во справувањето со заедничкиот имот, даночните обврски и одбитоци, наследните права и семејните бенефиции.

Околу 30 земји ширум светот легализираа некаква форма на истополови бракови, од кои повеќе од половината се во Европа. Првата земја која го стори тоа беше Холандија во 2001 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми