1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Стотици уапсени на протестите против мобилизација во Русија

ЕМФ | агенции
22 септември 2022

На протестите во Русија против делумната мобилизација, најавена од претседателот Путин, се уапсени над 1200 луѓе.

Протести против делумната мобилизација во Москва, 21.09.2022
Протести против делумната мобилизација во Москва, 21.09.2022Фотографија: Reuters Photographer/REUTERS

Најавената делумна мобилизација на резервистите во Русија на протести извади илјадници луѓе. Во Москва луѓето извикуваа „Не за војна!“ и „Не за мобилизација“, а бараа и „Русија без Путин“. Фотографии и видеа покажуваат како полицијата грубо постапува против демионстрантите и ги влече во автобуси, а потоа ги префрла во полициска станица. 

Граѓанскиот портал ОВД-Инфо јави дека вчеравечер (21.09) биле уапсени над 1350 луѓе во 38 градови во земјата. Само во Санкт Петербург биле притворени 556 демонстранти, а над 500 притворени има и во Москва. Од страна на властите засега нема информација за бројот на уапсени. Во Москва беше издадено предупредување од страна на Обвинителството дека оние кои ќе учествуваат на протести се соочени со затворски казни до 15 години. 

На протестите ширум земјата се уапсени стотици луѓеФотографија: Alexander Nemenov/AFP

„Сите се плашат“, изјави за агенцијата АФП демонстрантот Василиј Федоров во Санкт Петербург. „Јас сум за мир и не сакам да треба да пукам. Но, во Русија е „многу опасно“ да се излезе на улица за овие барања, додава тој, „во спротивно ќе имаше многу повеќе луѓе“.

Зошто му служите на Путин? Човек кој 20 години седи на својот трон 20“, им довикува на полицајците друг демонстрант.

„Се плашам за себе и за мојот брат, кој има 25 години и го отслужи воениот рок“, вели студентката Оксана Сидоренко. „Може да биде мобилизиран.“

Ова се најголеми протести во Русија по демонстрациите на крајот на февруари, кога почна руската инвазија на Украина. Рускиот претседател Путин вчера наутро објави делумна мобилизација во земјата. Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, за засилување на руските и сепаратистичките сили на истокот и југот на Украина треба да бидат мобилизирани околу 300.000 резервисти. Министерот за одбрана наведе дека во земјата вкупно има околу 25 милиони резервисти. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми