Епицентарот на земјотресот бил во планините Атлас, на околу 70 километри југозападно од Маракеш. Потресот бил со јачина од 6,9 степени и бил почувствуван дури и во Португалија.
Реклама
Мароканското Министерство за внатрешни работи соопшти рано во саботата дека во земјотресот загинале најмалку 296 лица . Но, ова е само привемена бројка. Неколку часа по земјотресот сè уште нема целосен преглед на ситуацијата, соопшти министерството. Болниците во Маракеш известуваат за „масовен прилив“ на повредени луѓе. Досега се примени повеќе од 150 лица.
Потресите сериозно го погодија историскиот центар на градот Маракеш, дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Фотографиите и видеата од социјалните мрежи покажуваат уништени згради. Луѓето во паника бегаа од своите домови и останаа на отворено поради страв од последователни потреси.
Привремено беа прекинати снабдувањето со електрична енергија и телефонската мрежа. Земјотресот бил почувствуван и во крајбрежните градови Рабат, Казабланка и Есауира, како и во соседен Алжир, па дури и во Португалија.
Според американската опсерваторија за земјотреси УСГС, земјотресот се случил во 00:11 часот по средноевропско време во планините Атлас на длабочина од 18,5 километри, на 70 километри југозападно од Маракеш и 60 километри североисточно од градот Тарудант. Потресот според УСГС имал јачина од 6,8 степени. Геолошкиот центар Хелмхолц во Потсдам, Германија, пак, измери интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала. Малку подоцна е регистриран уште еден последователен потрес со јачина од 4,9 степени.
Шолц: „Нашите мисли се со жртвите“
Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сочувство до настраданите. „Ова се лоши вести од Мароко“, рече политичарот од СПД на сервисот за кратки пораки X (поранешен Твитер). „Во овие тешки часови , нашите мисли се со жртвите од разорниот земјотрес. Шолц во моментов е на самитот на Г20 во индискиот главен град Њу Делхи.
Европската унија и понуди помош на државата од регионот Магреб. „ЕУ е подготвена да го поддржи Мароко во овие тешки моменти“, напиша претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, исто така, на онлајн платформата X. Тој им изрази сочувство на сите погодени од трагедијата и на спасувачите.
Во 2004 година, во земјотрес во североисточно Мароко загинаа најмалку 628 луѓе, а 926 беа повредени. Во 1980 година, земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди соседен Алжир. Загинаа 2.500 луѓе.
Земјотреси кои го потресоа светот
Од големите земјотреси во Антиохија во 342 и 526 година, до денес, историјата памети огромни потреси кои неретко биле проследени и со гигантски цунами бранови во некои делови од светот.
Фотографија: picture-alliance/D. Nucci/NurPhoto
Катастрофален земјотрес во Турција и Сирија
Земјотресот со јачина од 7.8 степени кој ги погоди Турција и Сирија во раните утрински часови на 6 февруари 2023 година однесе илјадници животи и предизвика непроценлива материјална штета. Уништени се преку 2.800 згради во централна Турција и стотици во северозападна Сирија.
Фотографија: IHA/REUTERS
Централна Италија во рушевини
Последниот голем земјотрес во Европа се случи во централна Италија. Земјотресот кој удри на 24 август годинава однесе 256 животи, и остави повеќе од 40 илјади луѓе без покрив над главата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Gambarini
Лабрадорот Лео
Лабрадорот Лео беше поздравен од папата Франциско на 3 септември годинава за време на беатификацијата на Мајка Тереза. Лабрадорот стана инстант-херој откако во урнатините од земјотресот пронајде четиригодишно дете.
Фотографија: picture alliance/AP Images/L'Osservatore Romano
Танзанија
Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди северозападниот регион на Танзанија на 10 септември годинава. Во катастрофата загинаа најмалку 16 луѓе, а 250 беа повредени.
Фотографија: Imago/Xinhua
Вежби за децата во Јапонија
Јапонија е екстремно трустно подрачје, и во минатото честопати беше погодувана од силни земјотреси. На 1 септември секоја година, кога се одбележува годишнината од големиот земјотрес од 1923 година, децата во основните училишта учествуваат во специјални вежби за заштита при земјотрес.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Taga
Потрага по најблиските (Беичуан, Кина)
Мајка го оплакува својот син кој загина во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди провинцијата Сичуан во Кина на 19 август 2008 година. Повеќе од 1,500 ученици и учители загинаа во земјотресот, кој севкупно однесе 69 илјади човечки животи.
Фотографија: Getty Images/China Photos
Катастрофата во Хаити
На 12 јануари 2010 година, Хаити беше погоден од катастрофален земјотрес со магнитуда од 7 степени. Над 200 илјади луѓе загинаа во природната катастрофа, а речиси три милиони луѓе беа погодени. Главниот град Порт-о- Принс беше срамнет со земја.
Фотографија: picture alliance/dpa
Земјотресот во Суматра
На 26 декември 2004 година разурнувачки земјотрес со јачина од 9,2 степени го погоди западниот брег на Суматра, во Индискиот Океан. Земјотресот и бројните цунами бранови кои се подигнаа како последица од него однесоа 230 илјади животи во 14 земји. Тоа е третиот најсилен земјотрес забележан во историјата и истовремено, удар со најдолго траење- меѓу 8 и 10 минути.
Фотографија: Getty Images/S. Platt
Музафарабад, Кашмир
Потресот чиј епицентар беше кај градот Музафарабад во Пакистан во октомври 2005 година опфати регион од 30 илјади квадратни километри. Во непосредната околина загинаа 84 илјади луѓе. Земјотресот беше со јачина од 7,6 степени.
Фотографија: AFP/Getty Images/F. J. Brown
Л' Аквила- земјотрес и одговорност
Земјотресот во Л'Аквила, во централна Италија од 6 април 2009 година, однесе 308 човечки животи. Бројни контроверзи следеа по катастрофата, откако 6 научници и еден државен службеник беа осудени на затворски казни поради тоа што не предупредиле на опасноста од земјотресот. Во 2014 година, пресудите на научниците им беа укинати.