1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк во Луфтханза: Откажани стотици летови во Германија

СН/агенции
7 февруари 2024

Повеќе од 100.000 патници се погодени од штрајкот на копнениот персонал на германскиот авиопревозник, кој започна во 4 часот утрината. Луфтханза отхажа голем дел од за денеска планираните летови.

Бројни авиони на Луфтханза денеска ќе останат на земја поради штрајкот на копнениот персонал на германската авиокомпанија
Бројни авиони на Луфтханза денеска ќе останат на земја поради штрајкот на копнениот персонал на германската авиокомпанијаФотографија: Boris Roessler/dpa/picture alliance

Во раните утрински часови започна најавениот предупредувачки штрајк во Луфтханза, кој треба да трае 27 часа.  Копнениот персонал на германската авиокомпанија денеска штрајкува за да го зголеми притисокот во преговорите за зголемување на платите во рамките на новиот колективен договор.  Патниците во земјата со најсилна економија во Европа се сѐ пооптоварени поради бранот штрајкови, која започна во железничкиот а продолжи во јавниот и авионскиот сообраќај.

Штрајкот започна во четири часот наутро и ќе трае до четврток во седум часот наутро, соопшти националниот авиопревозник. Околу 100.000 патници ќе бидат погодени од оваа најнова индустриска акција.

Синдикатот Верди најави дека ќе штрајкува на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Хамбург, Берлин и во Дизелдорф. Ќе има само 10 до 20 отсто од летовите во Франкфурт и во Минхен.

Шалтерите на Луфтханза за пребукирање на летови денеска ќе работат под полна пареаФотографија: picture alliance/dpa

Во преговорите Верди бара зголемување на платите за 12,5 отсто за 25.000 работници или најмалку 500 евра повеќе месечно во период од 12 месеци, плус еднократна исплата од 3.000 евра за компензација на инфлацијата.

Синдикатот тврди дека повисоките трошоци за живот и големиот обем на работа поради недоволно персонал се основа за повисоки плати. Копнениот персонал на Луфтханза стапи во штрајк во јули 2022 година за време на последната рунда преговори за колективен договор, предизвикувајќи големи нарушувања во авионскиот сообраќај.

Оттогаш, најголемата европска економија е погодена од серија штрајкови низ целата земја, кои ги погодија воздушниот сообраќај, железничкиот и јавниот транспорт, а и сѐ повеќе расте незадоволство од коалициската влада на Германија на канцеларот Олаф Шолц.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми