Штрајкови во Франција против плановите на владата за штедење
18 септември 2025
Првите протести во Франција против плановите на владата за штедење започнаа изутринава. За разбивање на блокадите биле спроведени повеќе акции, изјави вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Франција, Бруно Рејто. Медиумите известуваат за блокади на автобуски станици и пред средни училишта.
Полицијата соопшти дека во Париз биле уапсени седум лица. Според француските медиуми, во други делови од земјата имало неколку десетици апсења.
На штрајк повика широк сојуз на синдикати. Синдикатите се вознемирени од мерките за штедење што ги објави владата која во меѓувреме е во оставка. Особено остро беше критикуван предлогот за укинување на два државни празници.
Новиот премиер на Франција, Себастијан Лекорну, објави дека нема да го спроведе овој план. Сепак, критики има и за другите планови за штедење на претходната влада, кои синдикатите ги оценуваат како брутални. Протестот има за цел да изврши притисок врз Лекорну, кој во моментов разговара за нов буџет за штедење.
Властите очекуваат на денешните штрајкови да излезат околу 700.000 до 800.000 луѓе. Според синдикатите, ширум Франција треба да има околу 250 собири.