1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Повторно борби на израелско-либанската граница

СН/агенции
4 ноември 2023

Еден ден откако лидерот на радикалната исламистичка организација Хезболах, Хасан Насралах го прекина молкот околу војната во Појасот Газа, повторно се јавува за судири на границата меѓу Израел и Либан.

Сцени од селото Духара во јужен Либан близу граноцата со Израел по меѓусебното гранатирање на израелските сили и Хезболах на 11 октомври 2023 година
Сцени од селото Духара во јужен Либан близу граноцата со Израел по меѓусебното гранатирање на израелските сили и Хезболах на 11 октомври 2023 годинаФотографија: Hassan Ammar/AP/dpa/picture alliance

Израелската војска денеска (4 ноември, 2023) соопшти дека извршила воздушни напади врз  две „терористички ќелии“ и еден „набљудувачки пункт“ на радиклната исламистичка организација Хезболах како реакција на нивните обиди да гаѓаат на израелска територија од Либан.

„Како одговор на обидот на две терористички ќелии да пукаат од Либан во правец на израелска територија, војската ги погоди тие ќелии и набљудувачкиот пункт на Хезболах“, се вели во соопштението на израелската војска.

Војската, исто така, наведе дека одговорила на минофрлачки оган од Либан кон место на северот на Израел, наведувајќи дека нема повредени.

Израел позиционираше тенкови на границата кон Либан веднаш по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври 2023Фотографија: Lisi Niesner/REUTERS

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, кој го контролира Појасот Газа, на израелско-либанската граница е зачестена размена на оган меѓу израелската војска и  либанското милитантно движење Хезболах и неговите сојузници кои го поддржуваат терористичкиот Хамас

Насралах го прекина молкот

Со посебно внимание вчера беше проследено и првото обраќање на шефот на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Насралах од почетокот на војната во Газа. Тој притоа изјави дека операцијата на Хамас „Бура Ал Акса“ предизвикала безбедносен и психолошки земјотрес во Израел, како и дека ќе имаат стратешко влијание врз нејзината иднина. Тој додаде дека операцијата е „стопроцентно палестинска“, а одлуките ги носат лидерите на „движењето на отпорот“. „Ова е битка на човечко, етичко и на верско ниво“, рече првиот човек на Хезболах и посочи дека во Газа повеќе од два милиони луѓе живеат под опсада веќе 20 години, „а никој не сторил ништо. "

Сниментот видео обраќање на лидерот на Хезболах, Насралах беше проектирано пред илјадници поддржувачи во јужниот дел на Бејрут, ЛибанФотографија: Mohamed Azakir/REUTERS

„Она што се случи во Газа беше неопходно за повторно да се претстави палестинското прашање како главен проблем во светот“, рече Насралах. Тој додаде дека на либанско-израелската граница се водат борби без преседан и дека е можна натамошна ескалација, но дека САД можат да се спречат регионален конфликт, доколку се запре агресијата на Појасот Газа. Операциите на отпорот на југот на Либан, според Насралах се порака до Израел дека ако изврши агресија или размислува за превентивна операција, ќе ја направи најголемата глупост во својата историја. „На либанскиот фронт сите опции се отворени“, истакна првиот човек на Хезболах.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми