1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕСЧП отвори постапка по жалбата на Јанкулоска

24 ноември 2025

ЕСЧП отвори постапка по жалбата на Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, испитувајќи дали имало прекршувања на правото на фер судење.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дава изјава за медиумите
Случај „Тенк“ под лупа на Европскиот судФотографија: MIA

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур отвори постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, односно набавката на блиндирано возило за потребите на државата. Судот треба да оцени дали постојат сериозни индиции за прекршување на правото на фер судење во Македонија.Веста ја соопшти поранешната министерка за внатрешни работи на социјалните мрежи. 

Прислушувани разговори и улогата на судијката Кацарска

Еден од клучните аспекти е користењето на прислушуваните разговори како доказ. Одбраната тврди дека Јанкулоска немала можност да ја оспори нивната автентичност, ниту имала пристап до целата документација, што ја нарушило рамноправноста на странките.

Дополнително, Судот го анализира влијанието на судијката Добрила Кацарска. Се проверува дали нејзини претходни јавни изјави можеле да создадат впечаток на предвремено определување за вината на Јанкулоска. 

Во жалбата се наведува дека еден поротник не учествувал во советување и гласање, а во второстепената постапка на Врховниот суд биле заменети двајца судии без јасно образложение.

Жалбата на Јанкулоска пред Судот во СтразбурФотографија: picture-alliance /imageBROKER

Што значи ова за Јанкулоска и македонското правосудство?

Јанкулоска на социјалните мрежи порача дека отворањето на постапката е потврда за сериозни прашања околу правото на правично судење. Таа нагласи дека, иако поминале пет години од апликацијата, сознанието дека ЕСЧП ги препознал повредите е „мала лична сатисфакција“.

„Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните права“, вели Јанкулоска. Таа во 2018 година беше осудена на четири години затвор поради нејзината улога во набавката на „мерцедес“ од над 600 илјади евра. 

Политички реакции

Премиерот Христијан Мицкоски коментираше дека случајот „Тенк“ е доказ за сериозни проблеми во македонското правосудство. „За вакви и други случаи зборуваме подолго време – тоа се судии на кои платата им е мала, па бараат неколку пати поголема, партиски октроирани и заробени од претходната власт“, изјави тој.

Мицкоски додаде дека судијата кој го водел случајот „Тенк“ денес има висока позиција и продолжува да носи одлуки со политички импликации. „Сега ги атакува пензионерите за линеарното зголемување на пензиите – сака тоа право да им го одземе. А, гледате какви политички пресуди носат. За жал, мораме да се срамиме и црвенееме пред Стразбур за ваквите пресуди на малкумина судии кои го контаминираат нашето судство“, нагласи премиерот. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми