1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Струмица воведува електричен јавен превоз

02:45

This browser does not support the video element.

Арбнора Мемети | Емилија Петреска
3 октомври 2024

„Струмица поврзана“ е слоганот под кој локалните власти воведуваат електричен јавен превоз. Како што најави градоначалникот Костадин Костадинов, „Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор“. Електричните автобуси треба да почнат со работа во текот на овој месец.

Електричниот јавен превоз се воведува во обид да се намали загадувањето во Струмица. Со 12 полначи, автобусите дневно ќе минуваат до 200 километри, во две смени, од 6 наутро до 21:30 часот.

Граѓаните имаат главно позитивни оценки, проткаени со сомнежи:

„Јас искрено не верувам да се возам многу со нив, ама нека е што… Нека има повеќе, нека се модернизира овој град малку“, изјави за ДВ еден млад Струмичанец, а негова сограѓанка раскажува:

„Јас живеам на крајот од градот. За да дојдам до другиот крај навистина ми треба некогаш да се качам (во автобус, н.з.) и да одам до некое место. И реално, малку ќе ни се олесни со такси возилата, бидејќи плаќаме скапо.“ 

„Оваа идеја е супер“, нагласува трет струмичанец и продолжува: „Ова е еколошки и е за поздравување. Само се сомневам околу одржувањето. На таква инфраструктура треба услови да се направи и да има одржување.“

Граѓаните имаат главно позитивни оценки за превозот со електрични автобуси кој треба да почне во октомвриФотографија: Arbnora Memeti & Emilija Petreska/DW

Автобусите чинат 7 милиони евра од буџетот на Општина Струмица, а купени се со лизинг. Тие се од јапонската марка „Исузу“, донесени преку Турција.

Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“, објаснува:

„Немаше смисла да одиме со превоз кој ќе се крши со загадувањето и кој ќе се крши со европската агенда за нула емисија на CO2 до 2035 година. Ние сме земја-кандидат за влез во Европска Унија, така што брзо ќе ни тропне на врата таа европска програма…“

Градоначалникот Костадин Костадинов неодамна најави дека „Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор“Фотографија: Arbnora Memeti & Emilija Petreska/DW


Од локалното еко-здружение „Планетум“ ја поздравуваат иницијативата.

„Силно ја поздравуваме идејата, акцијата што се презема од страна на локалната самоуправа и што најпосле веќе имаме градски сообраќај со електрични автобуси и приградски, во сите населени места во Општина Струмица“, изјави за ДВ Александар Лазаров, претседател на еколошкото здружение „Планетум“.

Најголемиот предизвик е постигнување енергетска независностФотографија: Arbnora Memeti & Emilija Petreska/DW

Според сегашните услови, струјата ќе се плаќа по пазарни цени. Најголемиот предизвик е постигнување енергетска независност. Тоа е можно со поставување соларни панели во иднина:

„Кога ние ќе го направиме тоа, енергетска независност на нашите автобуси, ќе имаме фиксна цена. Ќе знаеме колку нѐ чинеле тие фотоволтаици, на колкав период треба да ги отплатиме и имаме фиксна цена на електричната енергија. Но, добиваме не електрична енергија од јаглен или од нафта произведена, туку од сонце. Зелена електрична енергија што е во склоп на зелената агенда на Европска Унија“, вели Драги Поп Стојанов.

Во првите денови возењето со електричните автобуси ќе биде бесплатноФотографија: Arbnora Memeti & Emilija Petreska/DW

Првиот месец, возењето ќе биде бесплатно. Цената на билетите ќе биде утврдена допрва.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми