1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студент уби 15 и рани уште 24 луѓе на Универзитетот во Прага

БГ /дпа
21 декември 2023

24-годишен студент уби 15 свои колеги и рани уште 24 на универзитетот во централна Прага. Напаѓачот е најден мртов и се уште не е јасно дали се самоубил или е убиен од чешката полиција.

Чешка Прага Полицаец
Чешки полицаец на една од улиците во близина на УниверзитетотФотографија: Michal Cizek/AFP/Getty Images

Шефот на прашката полиција Мартин Вондрашек изјави дека властите добиле информација оти напаѓачот се упатил кон Прага од регионот Кладно со намера да си го одземе животот. Набрзо потоа било пронајдено безживотното тело на неговиот татко. 

Полицијата најпрво го евакуирала Карловиот Факултет за уметност, но набрзо била повикана во друга зграда каде пристигнала неколку минути по информациите за пукотници. 

„Имаме свежи непотврдени информации од профил на социјална мрежа дека тој наводно бил инспириран од сличен терористички напад во Русија оваа есен“, изјави Вондрашек.

Инцидентот се случил на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Палах.

 

Плоштадот Јан Палах е лоциран на стотина метри од познатиот Карлов мост- симболот на градот на реката Влтава. Полицијата апелираше до граѓаните да го избегнуваат тој простор, а до локалните жители да не ги напуштаат домовите. 

Евакуација на студенти од Универзитетот во ПрагаФотографија: Gabriel Kuchta/Getty Images

На фотографии од местото можат да се видат студенти со дигнати раце како ја напуштаат зградата на факултетот.

Според извештај на телевизијата Нова, напаѓачот последен пат бил виден на кровот на факултетската зграда. Наводно била слушната и експлозија.

Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот или за неговите мотиви.

Студентите и универзитетскиот кадар на социјалните мрежи напишаа дека се забарикадирале во училниците и канцелариите за време на пукањето. 

Карловиот универзитет во Прага е основан во 1348 година, и е еден од најстарите во Европа. Вкупно запишува 49.500 студенти од кои, околу 8.000 студираат на Факултетот за филозофија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми