1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Studie VZ - успешна интернет платформа

11 август 2008

Studie VZ е интернет платформа којашто стана успешна приказна. На почетокот противниците критикуваа дека платформата е само ефтина копија по американски пример, но таа сепак успеа да опстои на интернет мрежата.

Младите ја користат платформата Studie VZФотографија: PA/dpa

Studie VZ е дигитална контакт берза: студентите разменуваат информации, се договраат да одат на ручек или пак после долги години повоторно се среќаваат старите училишни другари.„На почетокот се противев, но во еден момент толку многу беа дел од платформата што си реков морам и јас да се пријавам.“

Studie VZ е големо семејство, ако не си пријавен во платформата не знаеш кога другите одат заедно на ручек, незнаеш кога излегуваат и кои кафулиња се во тренд, не си информиран кога се формира некоја група за заедничко учење вели Тина Рауш и дополнува „Делумно сметам дека е практично, затоа што ги заменува кусите телефонски повици или СМС пораките и е бесплатно но и забавно.“

Од мал проект до успешна приказна

Забавно е и за оние кои ја созададоа платформата. Имено за ваков успех не можеа ниту да сонуваат. Почнаа на мала врата со еден единствен компјутер, во стан во Берлин. Многу од нивните пријатели сметаа дека проектот и не е така интересен, се потсетува 28 годишниот Михаел Брем „На крајот на 2005 година ги завршив студиите и почнав да работам во банка во Франкфурт, но набрзо дадов отказ, што наиде на негодување кај моите пријатели и познаници кои велеа како можеш да се откажеш од работата, многумина рекоа, дека страницата изгледа многу смешна, името е смешно никој нема да го прифати проектот, но јас бев упорен.“

Модерна комуникација

За тоа денеска Михаел е среќен. Имемно комуникациската платформа брзо се ширеше. Во меѓувреме страната технички е перфектна, а на не редовно се пријавуваат повеќе од четири милиони студенти и апсолвенти „Луѓето сакаат да комуницираат и токму кога постои хомогена група како студентите, тогаш желбата е уште поизразена. А кога групите студенти на државните универзитети се толку големи, тогаш тешко е да се стапи во контакт со луѓето, така што платформата се појави во вистинско време.“

За да може полесно да се пронајадат луѓето со слични сфаќања постојат групи, во кои секој член може лично да се претстави „Групи од предавањата од кои и јас бев дел, група за мојот омилен бенд потоа голем број групи „без смисла“ кои немаат некоја голема цел пред себе но се интересни, а ако се здодевни тогаш нема повторно да се пријавиш таму.“

Потребна е заштита на личните податоци

Но забавата на страна, студентите мора да внимаат и на своите лични податоци. Се погласни се префрлувањата дека основачите на Studie VZ небрежно се однесувале кон личните податоци на корисниците.

Имено многумина корисници ја објавуваат својата адреса, покажуваат приватни слики и воопшно не обрнуваат внинмание на тоа, како и студентот по германистика Флориан Милер „Со оглед на дискусијата, јас релативно слобоно се однесувам со податоците, би рекол и дека досега бев и наивен.“ вели Флоиријан

Михаел Брем и неговите соработници уверуваат дека имаат поставено строги критериуми за нивната платформа, но поради тоа што таа постојано се развива и зголемува очигледно е тешко да се оддржува контролата. Сепак палтформата е успешен проект кој младите во Германија брзо го прифатија.


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми