1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Недостатокот на витамин Д влијае на деменцијата

Дојче веле
20 август 2022

Деменцијата е една од водечките причини за смрт во светот. Адекватното внесување на витамин Д може да биде пресудно, а евтино решение за спречување на болеста, покажува нова студија. Има и уште еден плус за тој витамин.

Таблети витамин Д
Таблети со витамин ДФотографија: Stephan Jansen/dpa/picture alliance

Околу 17 проценти од случаите на деменција би можеле да се спречат ако луѓето земаат доволно количество витамин Д. Првата светска студија која го докажува тоа беше спроведена од Универзитетот во Јужна Австралија и откри - директна врска меѓу деменцијата и недостатокот на витамин Д - и на тој начин и важниот и ефтин пристап за превенција.

Деменцијата е хроничен или прогресивен синдром кој доведува до влошување на когнитивните функции, размислувањето и меморијата со возраста. Повеќе од 55 милиони луѓе ширум светот страдаат од деменција, а секоја година се дијагностицираат 10 милиони нови случаи.

Колку ниското нивоа на витамин Д влијае на здравјето на мозокот

Студијата, која беше поддржана од Британскиот национален совет за здравство и медицински истражувања, ги анализираше податоците на речиси 300 илјади (294.514) учесници од Велика Британија, односно Биобанката на Велика Британија, и имаше за цел да го испита влијанието на витаминот Д врз здравјето на мозокот - односно волуменот и ризикот од деменција и мозочен удар. Најголем дел од испитаниците во студијата биле жени на возраст од 60 до 73 години на почетокот на истражувањето, со светла кожа и без долготрајни болести. 

Се покажа дека хроничниот дефицит на витамин Д  (под 25 nmol/L) не е поврзан со помал волумен на мозокот и донекаде го зголемува ризикот од мозочен удар.

Најважното откритие е дека анализата открила причинско-последична врска меѓу недостатокот на витамин Д и појавата на деменција.

Деменцијата е сериозен проблем и за погодените и за нивните семејстваФотографија: Julio Pelaez/Le Républicain Lorrain/PHOTOPQR/MAXPPP/picture alliance

Целосните резултати од студијата неодамна беа објавени во „The American Journal of Clinical Nutrition“ .

За раководителката на студијата, професорката Елина Хипонен, резултатите покажуваат колку витаминот Д е важен во превенцијата од деменција и дека постои апсолутна потреба да се елиминира недостатокот на овој витамин, кој сè уште преовладува во многу делови од светот.

„Навистина, забележавме кај британската популација дека до 17 отсто од случаите на деменција можеше да се избегнат доколку нивото на витамин Д беше подигнато на нормала - 50 nmol/L“, објаснува научникот во изјавата од универзитетот. 

Се поголемо разбирање за улогата на витаминот Д 

Секое ново истражување покажува колку витаминот Д е важен за менталното и физичкото здравје, нагласува Хипонен.

„Витаминот Д е хормон прекурсор за кој се одредува сè поголем спектар на позитивни ефекти, вклучувајќи го и здравјето на мозокот“.

„Деменцијата е прогресивна и изнемоштувачка болест која може да биде погубна и за поединците и за семејствата. Затоа, мораме да се погрижиме никој во светот да не страда од сериозен недостаток на витамин Д “, заклучува Хипенен и додава:

„На повеќето од нас веројатно им е добро, но за секој кој поради која било причина можеби не добива доволно витамин Д од изложување на сонце, прилагодувањата на исхраната можеби не се доволни и веројатно се потребни додатоци“.

Користејќи ја оваа обемна анализа, таа и нејзиниот тим успеаја уште еднаш да покажат дека нешто толку евтино и лесно достапно како витаминот Д може да има огромно влијание врз глобалното здравје.

Изложување на сонце - дури и во зимаФотографија: picture-alliance/Rainer Hackenberg

Германија: многу повеќе случаи отколку што се мислеше

Според новите проценки, моментално во Германија има околу 1,8 милиони луѓе кои живеат со деменција. Повеќето од нив страдаат од Алцхајмерова болест. 

Според германското Здружение за Алцхајмерова болест, минатата година на околу 440.000 луѓе им била дијагностицирана деменција, а имало многу помалку - околу 300.000 нови случаи. Причината зошто овој број е значително поголем отколку во претходните публикации е првенствено поради тоа што дијагностиката е значително подобрена во последните години.

Покрај тоа, има значително повеќе заболени помлади од 65 години отколку што се мислеше, моментално повеќе од 100.000 луѓе.

 

Девет ризици за деменција кои може да се намалат

01:09

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми