1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Суд ја сопре политиката на владата на Мерц кон азилантите

БГ/ ДПА
2 јуни 2025

Управниот суд во Берлин пресуди дека германската влада не смее да ги одбива барателите на азил на границата, отфрлајќи го аргументот за „национална вонредна состојба“ на владата на Фридрих Мерц.

Германија Граница
Суд во Берлин пресуди дека враќањето на азиланти од границите е незаконскоФотографија: Andy Buenning/IMAGO

Одлуката на германската влада да ги одбива барателите на азил на државните граници е противзаконска, пресуди во понеделникот Управниот суд во Берлин.

Итната одлука претставува удар за канцеларот Фридрих Мерц, кој најави строги мерки против илегалната миграција.

Веднаш по преземањето на функцијата минатиот месец, министерот за внатрешни работи, Александер Добринт, нареди зајакнување на граничните контроли и им препорача на полицајците да ги враќаат нерегуларните мигранти, дури и ако поднеле барање за азил.

Во првиот судски случај поврзан со оваа контроверзна мерка, судот пресуди во корист на тројца државјани на Сомалија кои на 9 мај биле вратени во Полска од граничниот град Франкфурт на Одра. Според пресудата, со нив требало да се постапи во согласност со т.н. Даблинска процедура на Европската Унија за азилски случаи. 

Нема „вонредна состојба“  

Според Даблинската регулатива, полицијата во Германија не смее да ги враќа азилантите директно на граница. Наместо тоа, германските власти се обврзани да спроведат формализирана постапка за нивно враќање во земјата на прв влез во ЕУ.

Судот го отфрли тврдењето на владата дека регулативата може да се суспендира поради „национална вонредна состојба“, наведувајќи дека не постои „доволен доказ за закана по јавната безбедност или ред“.

Судот истакна дека Даблинската регулатива мора да се применува во секој поединечен случај, но и прецизираше дека оваа одлука не значи автоматско издавање дозвола за влез во Германија, бидејќи постапката може да се спроведе и на самата гранична точка.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми