1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Судење за „Пулс“ – приговори и одложувања

25 ноември 2025

Судењето за пожарот во дискотеката ‘Пулс’ во Кочани се одложи. Одбраната приговараше поради хаотични документи и „ново обвинение“. Семејствата бараат правда.

Судење за пожарот во Кочани 19.11.2025
Судење за трагедијата во ‘Пулс’: хаос со докази, ново обвинение и болката на семејстватаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Судијката Дијана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет во процесот за пожарот во дискотеката „Пулс“, го отповика рочиштето закажано за утре и го закажа следното на 2 декември. Причината е што дел од обвинетите не го добиле интегрираното обвинение и не можат да се произнесат за вина, ниту нивните адвокати да дадат воведни зборови. Дополнителна причина за одложувањето е недоставувањето имиња и адреси на законските застапници на дел од оштетените.

На првото рочиште судијката Дијана Груевска-Илиевска донесе решение за формално спојување на обвинението против сопственикот на агенцијата „Рубикон“, Александар Нацев, со главното обвинение.Адвокатите реагираат дека станува збор за сосема ново обвинение, а не само за спојување на две обвиненија. Тие посочија дека доказите се хаотични, ненумерирани и не се совпаѓаат со материјалите од листата на докази.

Судот ги прифати дел од приговорите, но нагласи дека интегрираното обвинение не содржи нови дејствија, оштетени или правна квалификација – туку само прецизирана временска рамка за секој обвинет.

Следното рочиште ќе се одржи на 2 декемвриФотографија: Petr Stojanovski/DW

Симболична акција пред судот 

Пред второто рочиште, граѓанската иницијатива „Кој е Следен?“ изведе симболична акција пред Кривичниот суд. Десетици „очи“ беа поставени пред влезот како порака дека јавноста внимателно го следи процесот и бара правично, независно и транспарентно судење во Македонија.Организацијата најави дека ќе продолжи да го следи процесот и да реагира секогаш кога постои опасност правдата да биде нарушена.

„Мора да има правда за нашите убиени деца. Никогаш не треба да ги заборавиме овие деца, ако сакаме да имаме држава. Овие деца заслужуваат правда“, изјави Јулија Златкова, мајка на Томас Златков, кој загина во трагедијата во „Пулс“.

Судењето за трагедијата во „Пулс“ останува под будното око на јавноста. Семејствата на жртвите бараат одговорност и судски постапки без одолговлекувања.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми