1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Мухамед Зеќири: Не сум виновен

ДТЗ
15 декември 2022

Поранешниот секретар на Владата не се чувствува виновен за склучување на два договори во четири очи, додека Обвинителството тврди дека со материјални и вербални докази ќе го докаже сосема спротивното.

Мухамед Зеќири судење
Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, не се чувствува виновен Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири не се чувствува виновен за склучување на два договорa во четири очи. Тој на почетокот на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар, а тоа е злоупотреба на службената положба и овластување, додека Обвинителството тврди дека со материјални и вербални докази ќе го докаже сосема спротивното.

Обвинителката Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во воведните зборови рече дека иако бил задолжен да спроведе постапка во рамките на која ќе се ангажира консултантска куќа, која што ќе го даде предлог моделот за реконструирање на АД „Пошта“, во државна сопственост, како и за  консултантски услуги за поддршка на процесот за потенцијална приватизација на „Железници“, Владата не му дала одврзани раце да склучува договори во четири очи. 

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е обвинет за два договора, што ги склучил додека бил на функцијата, со што го оштетил државниот буџет за околу 1,5 милиони евраФотографија: Petr Stojanovski/DW

Адвокатите на Зеќири, пак, сметаат дека тој не работел спротивно од Законот за јавни набавки, а обвинителниот акт го оценуваат како „полуполитички говор за некакви принципи“.

„Одбраната ќе докаже дека обвинетиот не го сторил кривичното дело што му се става на товар. Она што го слушнавме како обвинителен акт, а и сега во воведните зборови, е полуполитички говор за некакви принципи, цели и други начелни прашања, а никаде не слушнавме ниту видовме која законска одредба е прекршена од страна на обвинетиот”, рече адвокатот Владимир Андреевски во воведните зборови. 

Одбраната смета дека ќе докаже дека Зеќири не излегол од рамките на неговите овластувања при склучувањето на договорите. Тие доставиле барање, како сведоци на одбраната да се појават вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на „Пошта“, Јани Макрадули, со цел ги побијат тврдењата дека договорите за кои се гони Зеќири се потпишани во четири очи.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е обвинет за два договорa што ги склучил додека бил на функцијата, со што го оштетил државниот буџет за околу 1,5 милиони евра. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 4 октомври поднесе обвинителен акт. Зеќири се товари дека со умисла во повеќе наврати ја злоупотребил функцијата генерален секретар на Владата и со тоа извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми