1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСудан

Судан: Може ли од ќорсокакот да се излезе со воена победа?

Џенифер Холејс
21 април 2023

Завојуваните сили во Судан се заглавени во воен ќорсокак и им недостига политичка поддршка за да владеат самостојно, велат аналитичари.

Суданскиот главен град Картум е жариште на борби од саботата, 15 април,, при што има илјадници повредени и стотици мртви
Суданскиот главен град Картум е жариште на борби од саботата, 15 април,, при што има илјадници повредени и стотици мртвиФотографија: Marwan Ali/AP/dpa/picture alliance

Осми ден по ред во Судан се пука, откако пропадна и последното примирје меѓу војската и паравоените сили РСФ. Аналитичарите велат дека двајцата противници, генералот Абдел Фатах Бурхан кој е на чело на државата и водачот на паравоената РСФ, генерал Мохамед Дагло познат како Хемети, се во воен и политички ќорсокак.

Растечките тензии меѓу Бурхан и неговиот заменик Хемети ескалираа околу прашањето за интегрирање на РСФ во војската, што според Бурхан би значело „елиминирање на заканата од потенцијален пуч против него”, вели за ДВ аналитичарот Хагер Али од германскиот тинк-тенк ГИГА Институт за глобални студии.

За Хемети пак, интеграцијата на неговите сили во армијата би „му ги отсекло крилјата” оценува за ДВ, Сами Хамди, извршен директор на консултантската фирма „Интернешнл интерест” со седиште во Лондон.

„Бурхан се обидува да ги преземе РЗФ, а Хемети сметаше дека пред да се случи тоа кора да преземе мерки и да ја преземе власта”, вели Хамди.

Началникот на армијата на Судан Абдел Фатах Бурхан го собори од функцијата цивилниот премиер во октомври 2021 година и ја попречи демократската транзиција на земјатаФотографија: ASHRAF SHAZLY/AFP/Getty Images

Воен ќорсокак

Воено погледнато двете страни се речиси подеднакво силни. „Не е важна само големината на двете војски; РСФ се проценуваат на 70 до 150 илјади борци, додека суднската армија има околу 110 до 120 илјади активен персонал во служба”, вели Али.

Јасир Зејдан, истражувач и предавач на Националниот универзитет во Судан за ДВ вели дека суданската армија има пристап до поголем избор на оружје и е поспремна во однос на опремата.

„Регуларната воена опрема на армијата е подобра, тие имаат и хеликоптери и различни баталјони”, вели тој за ДВ и додава дека армијата неделава побарала од тајните служби и полицијата поддршка во конфликтот.

Силите РСФ пак се „подобро подготвени за урбани судири, имаат брзи пикапи со автоматски пушки”, вели Зејдан.

Но, дури и во помалку веројатниот случај на воена победа „никој од нив не може да владее со земјата затоа што им недостига политичка база”, оценува Али.

Недостиг на демократски институции

По востанието во април 2019, со кое од власт се симна Омар Ал Башир, се основаше Воен совет и Бурхан беше ставен на чело за да ја предводи транзицијата кон демократско владеење.

Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемети, објави неколку прекини на огнот, кои пропаднааФотографија: AP/picture alliance

Во октомври 2021, Бурхан изврши пуч против цивилниот премиер Абдала Хамдок и го замени со воен совет и покрај постојаните барања на граѓанското општество за враќање на процесот на транзицијата кон демократија.

Стотици демонстранти беа убиени, а илјадници повредени во бруталното задушување предводено од силите на РСФ.

„Иако Бурхан направи уставни промени и обезбеди победа преку пристап до Државната изборна комисија која може да ги менува правилата на избори, сепак му недостига политичката база за изборна победа”, смета Али.

Тоа што нема партија за стекнување политичка сила како што имаше поранешната партија на Омар Ал Башир, Национална конгресна партија, веројатно ќе биде проблем откако двете завојувани страни ќе започнат со преговори.

„Јасно е дека Бурхан не може да владее само со помош на армијата. Мора да влезе во коалиција или некаков договор за поделба на власта со било која партија од политичкиот спектар, но за тоа би му била потребна политичка база што ја нема”, заклучува Али за ДВ.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми