1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судската администрација на марш за поголеми плати

ДТЗ
28 септември 2023

Судската администрација преку марш на скопските улици побара повисоки плати за 78 проценти и враќање на додатоците на плата. Во спротивно се заканува блокада на работата на судовите

Nordmazedonien | Protste der Gerichtsverwaltung
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Судската администрација преку марш на скопските улици побара повисоки плати за 78 проценти и враќање на додатоците на плата. Во спротивно се заканува блокада на работата на судовите, кои веќе постапуваат само по итни предмети.

Протестот на членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните ограни и здруженијата на граѓани (УПОЗ) од судската администрација од цела држава, започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи со краткотрајни собири пред Собранието и Министерството за правда, по што учесниците се упатија пред Владата.

Поради штрајкот во обвинителство веќе се одложуваат случаите и се работат само итни и неодложни предмети.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Одложени процеси

Поради штрајкот во обвинителство веќе се одложуваат случаите и се работат само итни и неодложни предмети. Станува збор за притвори, претреси и оние предмети каде што има жалби и треба да се запазат роковите. Останатите предмети се одложени. „Имаме поддршка и од обвинителот за организиран криминал, од републичкиот обвинител, на ред се министрите и Владата да се заземат за нас“, рече Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Тој на собирот пред ССМ порача дека со исполнување на нивното барање за зголемување на платата за 78 проценти никој од вработените нема да ја надмине просечната плата, туку само ќе се доближи до неа. Доколку се зголемат платите за 78 проценти, просечната плата на администрацијата од судовите ќе биде околу 24.000 денари.

Трпе Деаноски предупреди дека работата во судовите е тимска, па доколку еден вработен не си ја заврши работата судијата нема да може да донесе пресуда.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Фер плати

Деаноски предупреди дека работата во судовите е тимска, па доколку еден вработен не си ја заврши работата судијата нема да може да донесе пресуда.

„Идната недела и колегите од државното правобранителство најавија штрајк. Колегите од обвинителствата вчера започнаа штрајк. Ако колегите од судовите, луѓето што се тука и тие започнат штрајк ќе се парализира целото правосудство. Мора да се разбере дека не може да се живее и не е фер еден во судовите да зема огромна плата, а нашите плати во однос на нивните да бидат во размер 1:6 до 1:7“,  изјави Деановски.

Се редат предупредувачки штрајкови во речиси сите сфери, со барање итно да се коригираат и платите во пониските ешалони.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Функционерските плати кои од мај се повисоки за 78% го разбудија незадоволството во јавниот сектор. Се редат предупредувачки штрајкови во речиси сите сфери, со барање итно да се коригираат и платите во пониските ешалони.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми