1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Нов пожар се шири во близина на Лос Анџелес

СН/агенции
23 јануари 2025

Нов голем пожар избувна во близина на метрополата Лос Анџелес. За неколку часа пламените јазици се проширија на неколку илјади хектари, а десетици илјади луѓе мораа да бидат евакуирани.

Околината на Лос Анџелес е опустошена по повеќенеделните пожари
Околината на Лос Анџелес е опустошена по повеќенеделните пожариФотографија: Mark Edward Harris/ZUMA Press Wire/dpa/picture alliance

Нема олеснување од разорните шумски пожари околу Лос Анџелес: Уште еден голем пожар избувна во близина на метрополата и илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Пламените на пожарот Хјуз се проширија во ридско подрачје во близина на акумулациското езеро Кастаик, на околу 60 километри оддалеченост од претходните пожари, кои беснееја во близина на Лос Анџелес во сојузната држава Калифорнија во САД.  Според противпожарната служба, пожарот за неколку часа се проширил на површина од повеќе од 38 квадратни километри.

Ветровите Санта Ана ги распламтуваат пожарите

Како претходно пожарите во  градското подраќје на Лос Анџелес и предградието Алтадена и пожарот околу езерото Кастаик беше поттикнат од сувите и силни  ветрови Санта Ана. На повеќе од 50.000 жители на местата во ридскиот регион северно од Лос Анџелес им беше наредено да ја евакуираат областа. Повеќе од 31.000 луѓе веќе ги напуштиле своите домови, а дополнителни 23.000 се под предупредување за евакуација, објави шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна.

За гаснење на пожарот се користат хеликоптери и авиони кои фрлааат вода и средства за гаснење а на тереност се пожарникари и припадници на шумарската служба на округот Лос Анџелес.

Пожарите  Итон и Палисејдс и натаму се локализираат

Засега нема информации за причината за пожарот.  Во регионот има силен ветер и екстремно ниска влажност - временски услови кои поттикнуваат ширење на пожари. Во последните неколку недели, два други шумски пожари беснеат околу Лос Анџелес, во кои, според пожарникарите, загинаа 28 луѓе и уништија околу 16.000 згради. Пожарот во Итон источно од метрополата сега е 91 отсто локализиран, а пожарот Палисејдс западно од Лос Анџелес 68 отсто.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми