1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаГлобално

Светот ја поздрави Новата 2024 година

Тагесшау | ЕМФ
1 јануари 2024

Од Кирибати преку Австралија до Лондон - светот ѝ посака добредојде на Новата 2024 година со големи прослави и огномети.

Тајмс Сквер во Њујорк
Тајмс Сквер во Њујорк во новогодишната ноќФотографија: Andrew Kelly/REUTERS

Луѓето на коралскиот остров Киритимати први ѝ посакаа добредојде на Новата година. Околу 7.300 жители на островот во 2024 година влегоа уште вчера во 11 часот по средноевропско време. Еден час подоцна доаѓањето на новата година го прослави Нов Зеланд.

Вчера, во 14 часот по средноевропско време, мега светлосно шоу го осветли небото кај Операта во Сиднеј, Австралија. Според организаторите, само во пристанишниот кварт биле испалени повеќе од 13.500 пиротехнички средства, со различни специјални ефекти. Покрај тоа, за првпат имаше светлосни проекции генерирани од вештачката интелигенција - кои не предизвикуваат ниту загадување на воздухот ниту бучава. Околу милион луѓе го следеа во живо спектаклот во австралиската метропола, вклучително и посетители од Германија и други европски земји. Стотици милиони луѓе, пак, тоа го следеа на екраните ширум светот.

Спектакл во СиднејФотографија: David Gray/AFP/Getty Images

Во Јапонија ѕвоната во храмовите ѕвонеа низ целата земја додека луѓето се собираа во светилиштата и храмовите за да ја пречекаат Новата година. Во храмот Цукиџи во Токио, на посетителите им се делеа бесплатно топло млеко и супа од пченка додека чекаа во ред за да заѕвонат на големото ѕвоно.

Новогодишната ноќ во будистички храм во ТокиоФотографија: Eugene Hoshiko/AP Photo/picture alliance

Светлосни спектакли во многу градови

Гигантски светлосни спектакли имаше во многу азиски градови.

Светлосно шоу во СингапурФотографија: Edgar Su/REUTERS

Впечатливи слики од прослави се очекуваат и од Дубаи, Париз, Лондон, Рио де Жанеиро и Њујорк.

Добредојде за 2024 година кај Триумфалната капија во ПаризФотографија: Benoit Tessier/REUTERS

Американска Самоа ќе биде последната земја што ќе влезе во 2024 година, цели 12 часа по Германија, а во 13 часот по средноевропско време следуваат уште само два ненаселени острова.

Огномет на Копакабана, во Рио де ЖанеироФотографија: Bruna Prado/AP/picture allliance

Без програма на Црвениот плоштад

Како што беше случај минатата година, новогодишните прослави во Русија не беа големи, или беа целосно откажани. Во Москва беше откажана вообичаената програма со огномет и концерт на Црвениот плоштад. Во Владивосток и други градови, исто така, немаше огномет.

Јубилеј за Биг Бен

Еден час по Германија, Новата година ја пречекаа луѓето во Лондон, каде имаше посебна годишнина. Британскиот главен град влезе во 2024 година со ѕвонот на Биг Бен и спектакуларен огномет кај панорамското тркало Лондон Ај. Пред 100 години, Би-Би-Си првпат во живо го емитуваше ѕвонењето на ѕвоната на Биг Бен на дочекот на новата година. Дотогаш, типичниот звук можеше да се слушне само за луѓето во непосредна близина на лондонскиот кварт Вестминстер.

Пред 100 години, Би-Би-Си првпат во живо го емитуваше ѕвонењето на ѕвоната на Биг Бен на дочекот на новата годинаФотографија: Martin Pope/Getty Images

Севкупно, потребни се 26 часа за целата земјина топка да влезе во новата година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми