1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

СЗО: Во декември од Ковид-19 починале 10.000 луѓе

ЖА
11 јануари 2024

Светската здравствена организација предупредува да не се потценува инфекцијата со Ковид-19. Бројот на пријавени инфекции и болнички лекувања расте, само во декември починале околу 10.000 луѓе.

СЗО повторно препорачува носење маски против коронавирус
СЗО повторно препорачува носење маски против коронавирусФотографија: Luis Soto/ZUMA/dpa/picture alliance

Бројот на пријавени инфекции и болнички лекувања расте, само во декември починале околу 10.000 луѓе, тврди СЗО. За време на божиќните и новогодишните празници, поради многуте семејни и масовни собири и забави, е значајно пораснат бројот на заразени со коронавирус, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус во средата во Женева. При заразите главно доминира варијантата ЈН.1., подгрупа на уште од крајот на 2021 година познатата варијанта Омикрон, што произлегува од резултатите кои стигнале до СЗО.

„Иако Ковид-19  веќе не претставува меѓународна здравствена вонредна опасност, вирусот продолжува да циркулира, натамошно се променува и продолжува да убива“, изјави Тедрос. Тој упати повик до луѓето во цел свет  да продолжат со вакцинирање,  да носат маски во затворени простории и да се грижат за добро проветрување.

Бројките на болнички стационирани  заразени лица со коронавирус  кои стигнуваат до СЗО расте, во декември е забележано зголемување од 42 проценти во однос на ноември, а бројот на пациенти со Ковид на одделенијата за интензивна нега е покачен за 62 проценти.

Овие бројки се базираат на добиени информации од 50 земји од Европа и Северна и Јужна Америка, истакна Тедрос, но се смета дека бројот на инфекции се зголемува и во други земји, но тие веќе не ја информираат Светската здравствена организација. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми