1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин веќе го испланирал бегството од Русија?

СН/агенции
9 декември 2022

Дали неуспесите во Украина го прават сè понервозен? Рускиот претседател Владимир Путин, тврди негов поранешен соработник , веќе го има испланирано своето бегство од Русија во случај на пораз во војната.

„Ноева арка“: постои ли таен план со вакво драматично име за бегство на Путин од Русија?
„Ноева арка“: постои ли таен план со вакво драматично име за бегство на Путин од Русија?Фотографија: Mikhail Metzel/SPUTNIK/AFP

Абас Гаљамов, поранешениот помошник на Владимир Путин, тврди дека рускиот претседател и неговите најблиски сојузници веќе имаат план за бегство, кој би бил спроведен ако работите тргнат наопаку во војната во Украина. Гаљамов, кој ги пишуваше говорите на Путин, го соопшти тоа вчера на својот Телеграм канал, повикувајќи се на анонимен извор за кој вели оти има инсајдерски информации.

Подготовката на планот за евакуација, наводно, започнал пролетта, а целата организација неофицијално е наречена „Ноева арка“. „Како што зборува името, тоа е потрага за нова земја во која би побегнал во случај ако ситуацијата дома стане непријатна. Соработниците на Путин не ја исклучија можноста да се загуби војната, да биде сменет од власт и потоа итно да се евакуира“, напиша Гаљамов.

Тој рече дека во почетокот се разгледувал план за евакуација во Кина, но подоцна се откажале од него поради стравот оти шансите за соработка со Кинезите се мали, особено поради тоашто тие „ги презираат губитниците“. Поради тоа почнале да се разгледуваат Аргентина и Венецуела како потенцијални опции, а Игор Сечин, сојузникот на Путин, бил задолжен за надгледување на планот за евакуација во Венецуела.

Живот на црна листа во Русија- кога и пеењето станува опасно

01:24

This browser does not support the video element.

„Планот за евакуација покажува дека не оди сѐ по план“

Доказ дека имплементацијата е далеку отидена е „фактот оти Сечин 'официјално поднел оставка'“ од нафтениот гигант Роснјефт, за да може во целост да се посвети за подготовка на планот за евакуација, додава Гаљамов. Телеграм каналот Можем Абјаснит, исто така, извести оти високи руски претставници почнале да купуваат недвижнини и да работат на добивање дозвола за престој во Венецуела.

Истовремено, пониско рангираните во претседателската администрација и во руската влада, наводно, бараат престој во Еквадор, Парагвај и во Аргентина. Гаљамов е уверен оти само постоењето на планот за евакуација покажува дека за Кремљ не оди сѐ по планот, иако руското раководство се обидува да ја убеди јавноста во спротивното.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми