1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајните газди под лупа

ДТЗ
9 декември 2024

Податоците од Регистарот на вистински сопственици во Северна Македонија не се користат за борба против корупцијата, тероризмот и за санкционирање на перењето пари.

лупа, сопственост, профит, бизнисмени
Тајните газди под лупа - скриената сопственост na компаниите е извор на корупција, криминал и злоупотребиФотографија: picture alliance/dpa/Chromorange

Скриената сопственост нa компаниите е извор на корупција, криминал и злоупотреби. Надлежните институции во Северна Македонија малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области.

Исто така институциите и надлежната Управа за финансиско разузнавање имаат различни податоци за бројот на случаи против перењето пари и финансирањето тероризам. Од 2022 до април 2024 година, Управата примила 194 иницијативи од надлежните органи од кои, натаму, изработила и поднела 21 извештај до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Управата во истиот период поднела до ова обвинителство и 50 извештаи за сомнителни трансакции, по сопствена иницијатива. Од вкупно 71 извештај што Управата го има поднесено до Обвинителството, 70% се по сопствена иницијатива, а останатите 30% по претходно примена иницијатива од некоја од надлежните институции. 

Регистар на вистински сопственици само на хартија 

Од 17 институции во земјата со коишто Управата треба да соработува, од кои осум се директно наведени во законот дека треба да се борат против перењето пари и финансирањето тероризам, само две имаат конкретни бројки за случаите за коишто користеле податоци од Регистарот на вистински сопственици. Ова го покажуваат анализите на Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо.  Според нив, Северна Македонија не ја презеде обврската што ја препорача ММФ за време за кризата со Ковид-19– да ги објави имињата на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договор за јавни набавки поврзани со корона-кризата. 

Земјата, исто така, не ја спроведе ниту заложбата од Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2021 – 2023 да ги објавува јавно вистинските сопственици на фирмите понудувачи и на оние што добиле договор за јавна набавка.

Заради усогласување со меѓународните и со ЕУ-стандардите за борба против перењето пари и финансирањето тероризам, се прифати и иницијативата за воспоставување Регистар на вистински сопственици во 2021 година. Но, за разлика од други земји, во Северна Македонија овој регистар сè уште не ја остварува целосно својата функција и нема позначајни ефекти од неговото
формирање

Податоците од Регистарот на вистински сопственици во Северна Македонија не се користат за борба против корупцијата Фотографија: B. Leitner/McPHOTO/imago images

„Од суштинско значење е објективен и непристрасен мониторинг на фактичката примена на информациите од овој регистар од надлежните институции во борбата против корупцијата, од органите на прогонот и обвинителствата. Исто така, за борбата против корупцијата е потребна и вкрстена проверка на податоците од овој регистар со другите регистри и податоци
со кои располагаат некои од овие институции. И
склучително е важно информациите за вистинските сопственици да се користат и за намалување на корупцијата и на злоупотребите во јавните набавки, преку кои годишно се трошат повеќе од 1 милијарда евра“, велат од ЦГК. 

Европската Унија и ОЕЦД имаат забелешки за недоволното користење на податоците од регистарот на вистински сопственици. За унапредување на користењето на податоците за вистинските сопственици во земјата се препорачува: проширување на опфатот на вистинските сопственици, олеснување на пристапот до податоците до поширок круг на заинтересирани страни, поврзување со други бази и податоци, поголема интероперативност меѓу институциите и унапредување на проверката на податоците. 

Кои се вистинските сопственици? 

Светот почна пошироко да ги признава проблемите со скриената сопственост врз компаниите, особено по неколкуте скандали како „Панамските документи“, Рајските документи“ и „Пандорините документи“, кои открија дека луѓе на јавни позиции ја злоупотребуваат положбата во корист на компании што тие или нивни блиски лица тајно ги поседуваат и ги контролираат.
Ова предизвика многу земји да формираат и да објавуваат регистри на вистински сопственици на компаниите, наспроти официјалните или законски сопственици кои се запишани во редовните компаниски регистри. 

Вистински сопственик“ е физичко лице кое, во крајна линија, ја поседува или ја контролира компанијата или нејзиниот имот и средства, или кое има материјална корист од имотот/средствата на таа компанија. Во повеќето земји, за вистинска сопственост се сметаат: фактичката сопственост, гласачките права, правата на бенефити и правата да се назначуваат или да се
разрешуваат членови на бордови
те на директори. Во најголем дел од земјите што имаат воспоставено прибирање информации за вистинските сопственици, прагот е „најмалку“ или „повеќе од“ 25%, но има земји што определуваат пониски прагови, како 20 или 10 проценти, па  дури и земји каде што нема ваков праг. 

Според последните податоци, повеќе од две третини од земјите во светот, односно 97 земји имаат усвоено законски решенија за официјално регистрирање на вистинската сопственост на компаниите. Информациите за вистинските сопственици се користат за спречување, откривање и санкционирање на перењето пари, финансирањето тероризам, корупцијата и други
злоупотреби на јавни средства во јавните набавки, субвенциите, државната помош, 
концесиите, плаќањето даноци, партиските донации, финансирањето политички кампањи, итн.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми