1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајван погоден од тајфун со рекордни ветришта

СН/агенции
5 октомври 2023

На Тајван беснее тајфунот Коину, со налети на ветер од над 340 километри на час, најсилни досега забележани на тој остров.

Силните ветрови на тајфунот Коину предизвикаа бранови со висина од седум метри
Силните ветрови на тајфунот Коину предизвикаа бранови со висина од седум метриФотографија: Carlos Garcia Rawlins/REUTERS

Досега речиси 200 луѓе се повредени во налетот на тајфунот Коину над јужните делови на островската држава Тајван. Повеќе од 200 илјади домажинства останаа без струја а работните места и училиштата останаа затворени, а луѓето останаа дома. Јавниот живот на многу места е парализиран а училиштата и работните места останаа затворени.

Коину е втор тајфун што го погоди Тајван годинава. Тајфунот од четврта категорија е проследен со екстремно силни ветришта и поројни дождови.

Сателитска фотографија на тајфунот од четвртта категорија КоинуФотографија: NASA/ZUMA/IMAGO

На островот Лан Ју, познат и како Остров на орхидеите, на југоисток на земјата, метеоролошка станица регистрирала налети на ветер со рекордна брзина од 342, 7 километри на час,  изјави метеорологот Ву Ван-Хуа на прес-конференција. Претходниот максимум таму, во 1989 година, изнесуваше нешто повеќе од 320 километри на час.

Незапомнетиот ветер предизвикува бранови кои достигнуваат висина од седум метри. Коину, што на јапонски значи „кученце“, предизвика и лизгање на земјиштето на тајванскиот полуостров Хенгчун. Најмногу дожд падна во ретко населените планински области во округот Пингтунг на југ и окрузите Таитунг и Хуалиен на источниот брег, но тајфунот го погоди и големиот јужен пристанишен град Каосиунг.

Фотографија: Carlos Garcia Rawlins/REUTERS
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми