1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија на крајот на јануари ќе добие техничка влада

ДТЗ
27 ноември 2023

На крајот на јануари, Ковачевски треба да биде заменет од премиер Албанец кој ќе ја предводи техничката влада до изборите во мај

Талат Џафери
Талат Џафери: На крајот на јануари треба да се избере техничка владаФотографија: picture-alliance/AA/B. Ademi

Северна Македонија ќе добие техничка влада на крајот на јануари идната година, ако партиите постигнат согласност за заеднички претседателски и парламентарни избори на 8 мај 2024 година. Иако се уште не е утврден точниот датум на којшто ќе се одржат изборите, партиите деновиве се почесто 8 мај го споменуваат како датум околу кој би можеле да постигнат консензус. Конечниот договор треба да падне наскоро, на средба во Собранието, на која што повика деновиве премиерот Димитар Ковачевски. 

Партиите ќе треба да се усогласат околу евентуалниот датум за одржување на изборите согласно Уставот и законите во рамки на последните 60 дена од мандатот на претседателот и последните 90 дена од мандатите на пратениците.

„Ако се покаже точно она што се шпекулира дека 8 мај би бил прифатлив за сите, да се одржат заедно претседателски и парламентарни избори, тогаш изборите би се распишале на 27 или 28 февруари. Ако се одржат заедничките избори на 8 мај, како резултат на Пржинскиот договор, техничката влада треба да се формира на крајот на јануари, информираше претседателот на Собранието,Талат Џафери, на средба со новинарите.

Тоа значи дека техничката влада треба да се избере на 27 или 28 јануари. 

Партиите пред договор

Но, Џафери вели дека досега до него не е стигната никаква информација дека е постигнат договор меѓу партиите за денот на одржување на изборите. Партиските најави се дека парламентарните избори би можеле да се одржат на 8 мај, среда, заедно со вториот круг на претседателските избори. Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април.

Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби во Студио 10 на ТВ 24 изјави дека 8 мај е опција за одржување на изборите, иако се паѓа во среда. „Тоа е последен и најран термин за претседателски и парламентарни избори и така ќе останеме во рамките на редовните избори“, вели Груби.

Премиерот Димитар Ковачевски најави лидерска средба во декември во Собранието на која ќе биде договорен датумот за избориФотографија: Petr Stojanovski/DW

Лидерска средба

Тој за идната недела најавува лидерска средба на која ќе се донесе одлука за датумот на изборите.  „Ова не е по барање на ВМРО-ДПМНЕ, ние видовме дека расположението на граѓаните е такво, па се усогласивме со тоа, изборите да бидат заеднички за да не се трошат ни пари ни енергија на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека имаат повеќе шанса да ги добијат изборите, а не мислат на буџетот на граѓаните, оти истата партија одржуваше предвремени избори во неколку наврати“, вели Груби.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски деновиве порача дека партијата е подготвена да се откаже од техничката влада,само да спречи технички премиер од редовите на ДУИ. Партијата на Али Ахмети се согласува со идејата за укинување на техничката влада, но од следните избори. 

Груби вели дека точно знаат кој ќе биде премиерот Албанец, но дека ќе остави тоа да го најави лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, по разговорите со коалициските партнери со кои треба да се договори и начинот на кој ќе настапат на следните избори.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми