1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Течно дрво - спас за воздухот?

01:27

This browser does not support the video element.

27 мај 2024

Во вашиот град нема доволно зеленило? Тоа можеби може да се замени со LIQUID 3 - стебло во течен облик. Научници од Институтот за мултидисциплинарни истражувања во Белград сакаат со овој изум да го намалат загадувањето на воздухот и последиците од зголемената урбанизација. Станува збор за урбан фото-биореактор кој го прочистува воздухот онаму каде што нема простор за садење природни дрвја.

Иако нема лисја, стебло и корен, тоа е дрво, но во течен облик. Зелениот аквариум, во центарот на Белград, содржи микроалги кои врзуваат јаглерод диоксид и произведуваат кислород преку процесот на фотосинтеза. Автор на овој иновативен проект е биофизичарот Иван Спасојевиќ, кој смислил алтернативен концепт на позеленување.

„Прво што е важно е дека LIQUID 3 не служи за замена за дрвјата, тоа нема апсолутно никаква смисла. LIQUID 3 е направен за да таргетира зони каде што не можете да поставите нормално дрво“, вели Спасојевиќ.

Повеќе во видеото!

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми