1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСеверна Кореја

Северна Кореја истрела балистичка ракета

СН/агенции
12 јули 2023

Самопрогласената нуклеарна сила Северна Кореја повторно истрела балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска. Лансирањето на ракетата се случи неколку дена откако Пјонгјанг упати остри закани до САД.

Северна Кореја продолжува да лансира проектили кон Источното Море (архивска фотографија од јужнокорејската телевизија од јуни 2023 година)
Северна Кореја продолжува да лансира проектили кон Источното Море (архивска фотографија од јужнокорејската телевизија од јуни 2023 година)Фотографија: Lee Jin-man/dpa/picture alliance

Тензиите на Корејскиот полуостров продолжуваат да растат. Северна Кореја, според наводи на јужнокорејската војска, лансирала балистичка ракета. Проектилот, од непознат тип, била истрелан во Јапонското Море ( на корејски: Источното море), соопшти јужнокорејскиот генералштаб. Јапонската војска исто така извести за тестот.

Проектилот, според првичните наоди, паднал во морето надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, објави јапонската телевизија. Летот на проектилот траел 74 минути, што е е најдолго време на лет што некогаш го постигнала севернокорејската ракета, јави јапонската телевизија Асахи цитирајќи го Министерство за одбрана на земјата.

Дострелот на ракетата, според јапонското Министерство, изнесувал 1000 километри. Ова беше веќе дванаесетти ракетен тест на Северна Кореја годинава, по незапамтената серија на тестови спроведени во 2022 година. 

Северна Кореја, претходно годинава, за првпат лансираше интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво. Обидот за лансирање на воен шпионски сателит со помош на нова ракета-носач, пак, беше неуспешен. Резолуциите на ОН ѝ забрануваат на силно изолираната земја да лансира какви било балистички ракети. Во зависност од дизајнот, тие можат да бидат вооружени со нуклеарна боева глава.

Делови од ракетата- носач која неуспешно беше лансирана од Северна Кореја во јуни, беа пронајдени од страна на јужнокорејската морнарицаФотографија: YNA/picture alliance

Пјонгјанг, на почетокот на неделава, упати индиректна закана до САД дека ќе соборува американски извиднички авиони. Тоа беше реакција на планираното стационирање на американска нуклеарна подморница во Јужна Кореја. Ваквите планови се закануваат да ја приближат ситуацијата на Корејскиот полуостров до „прагот нануклеарен конфликт“, порачаа севернокорејските власти.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми