1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамРусија

Терор во Москва: Уапсени повеќемина осомничени

СН/агенции
23 март 2024

Според руските информации, 11 лица се уапсени по нападот во концертна сала во близина на Москва, во кој беа убиени над 90 лица. Меѓу приведените има и четири лица за кои се верува дека биле директно вклучени во нападот.

Приведени се единаесет осомничени од кои за четворица се верува дека биле директно вклучени во нападот во концертната сала
Приведени се единаесет осомничени од кои за четворица се верува дека биле директно вклучени во нападот во концертната сала, соопштија руските властиФотографија: AFP/Getty Images

Според последните податоци на Државниот истражен комитет на Русија, во крвавиот напад во петокот вечерта во концертната сала на трговски центар во Москва загинале 93 лица. Во соопштението на Министерството за здравство на Московскиот регион, се наведува дека 145 лица се префрлени во болници. Од нив 60 се во тешка состојба. Рано утринава руската новинска агенција РИА објави дека во нападот загинале и три деца.

Руските медиуми во меѓувреме јавија дека шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников, го известил претседателот на земјата дека се приведени 11 лица кои учествувале во терористичкиот напад на концертната салата Крокус во поширокиот регион на Москва, меѓу нив се и четворицата терористи кои директно биле вклучени во нападот.
Кремљ соопшти дека Боротников го информирал рускиот претседател Владимир Путин за апсењето на 11 лица поврзани со нападот, вклучувајќи ги и четворицата директни напаѓачи, пренесува РИА. 
„Директорот на ФСБ Бортников го извести Путин за апсењето на 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои биле директно инволвирани во терористичкиот напад“, соопшти претседателската прес-служба. 
Во синожешниот терористички напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва повеќе вооружени лица облечени во маскирни униформи упаднаа во салата каде требаше да започне концертот на групата Пикник со симфонискиот оркестар. Напаѓачите отвориле оган од автоматско оружје бврз присутните а била чуена и најмалку една експлозија, по која избувнал пожар во зградата. 

Руските безбедносни органи објави фотографии од автоматското оружје кое го користее напаѓачите во концертната салаФотографија: picture alliance/AP

Одговорноста ја презеде Исламска држава

Одговорноста за нападот во Москва со соопштение на онлајн платформата за кратки пораки  Телеграм ја презеде терористичката милиција Исламска држава. Официјална потврда од руските власти за ова сѐ уште не е пристигната.

Експертот за тероризам Петер Нојман од Кралскиот колеџ во Лондон смета дека објавата за преземање одговорност е автентична. Во објавата на онлајн платформата Екс (Х), тој вели: „Пораката за преземање одговорност се појави на сите официјални канали на ИД. Моите колеги и јас можеме да го потврдиме ова 100%“.

Експерт по потекло од Германија предупреди од лажни вести кои кружат на руските канали Телеграм, кои тврдат дека пораката на ИД е лажна. Нојман напиша дека постои „масовна дистрибуција на лажни вести - веројатно со цел да се создаде наратив дека Украина е одговорна за нападот“.

Во претежно муслиманските руски републики во Северен Кавказ, вооружени парамилиции повремено се бореа против руската државна власт во последните децении. Освен тоа, илјадници мажи од овие региони  се бореа и во редовите на Исламска држава во конфликтите во Сирија и во Ирак.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми