1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Нетанјаху блокира независна истрага за 7 октомври 2023

СН/агенции | АРД
22 декември 2025

Членовите на семејствата на жртвите од масакрот на 7 октомври 2023 година бараат независна истрага за тоа злосторство. Но, владата на Нетанјаху сака да формира сопствена комисија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во крупен план
Роднините на жртвите го обвинуваат израелскиот премиер Нетанјаху и неговата коалиција дека одбиваат да го прифатат својот дел од одговорноста кој придонесе за политички и воен неуспех на 7 октомври 2023 годинаФотографија: Abir Sultan/Pool/AFP/Getty Images

Повеќе од две години по масакрите во Израел извршени од исламистичката терористичка организација Хамас и други екстремистички групи, премиерот Бенјамин Нетанјаху продолжува да одбива независна истрага за тие напади. Наместо да формира државна истражна комисија, тој поддржува назначување на владина комисија.

Министерскиот комитет го одобри соодветниот нацрт-закон на десничарската конзервативна владејачка партија Ликуд, пренесе информативниот портал јнет. Прелиминарното гласање за предлогот во парламентот е закажано за среда.

Експертите, опозицијата, како и членовите на семејствата на поранешните заложници и на убиените на 7 октомври, остро го критикуваа овој потег. Тие го обвинуваат Нетанјаху и неговата коалиција дека одбиваат да го прифатат својот дел од одговорноста кој придонесе за политички и воен неуспех тој ден.

„Сериозни недостатоци“

Главната државна обвинителка Гали Бахарав-Миара рече дека нацрт-законот содржи „сериозни недостатоци“. На овој начин, би било невозможно истражителите целосно да ги расветлат настаните од 7 октомври 2023 година и од нив да извлечат сигурни заклучоци. Според неа, предлогот на владата ги става политичките интереси пред принципите на независна и професионална истрага. 

Денот кој го промени Блискиот Исток

02:23

This browser does not support the video element.

Јонатан Полин, таткото на Херш Голдберг-Полин, кој беше убиен во заробеништво на Хамас, побара, според јнет, независна истрага. Во демократија, објасни тој, државните и политичките носители на одлуки не можат сами за себе да спроведат истрага.

Военото радио - пред затворање

Покрај тоа, израелската влада одлучи да ја затвори популарната воена радио станица. Според медиумските извештаи, кабинетот го поддржал предлогот на министерот за одбрана, Израел Кац, за затворање на станицата Галеј Чахал до 1 март 2026 година.

Кац го објасни ова тврдејќи дека, како се смета, критички настроените медиуми емитуваат „политички и раздорни содржини кои не е во согласност со вредностите на израелската армија“.

Телевизијата и24њуз објави дека командантот одговорен за станицата, Тал Лев-Рам, навестил дека ќе ја оспори одлуката пред Врховниот суд. Военото радио има долга традиција и емитува програма веќе 75 години.

Опозицијата ја критикува оваа одлука како повреда на слободата на мислење и обид за контрола на медиумите. Владата, исто така, е за затворање на угледниот јавен сервис Кан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми