1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГерманија

Тешка автобуска несреќа кај Лајпциг

ЕМФ | агенции
27 март 2024

Во тешка автобуска несреќа на автопатот број 9 кај Лајпциг загинаа најмалку пет лица, а има и повеќе повредени.

Автобусот излетал од автопатот број 9 кај Лајпциг
Автобусот излетал од автопатот број 9 кај ЛајпцигФотографија: Jan Woitas/dpa/picture alliance

Автобус на компанијата „Фликсбус“ денеска (27.03) претпладне излета од автопатот број 9 во близина на Лајпциг. Притоа загинаа најмалку 5 лица, а има и повеќе повредени.

Превртениот автобус на „Фликсбус“Фотографија: Jan Woitas/dpa/picture alliance

Автобусот сообраќал на релација Берлин-Цирих, а во него се наоѓале 53 патници и двајца возачи. Автопатот е затворен во двата правци.

Во несреќата загинаа најмалку 5 лица, а има и повеќе повредениФотографија: Jan Woitas/dpa/picture alliance

Компанијата „Фликсбус“ изрази сочувство и најави тесна соработка со локалните власти и спасувачите. Како што се вели, ќе биде сторено сѐ за брзо да се утврди причината за несреќата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми