1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Пожар на Керчкиот мост - Русија говори за бомбашки напад

СН/агенции
8 октомври 2022

Голем пожар избувна на стратешки важниот мост меѓу полуостровот Крим и копнениот дел на Русија а преминот во моментов е непрооден. Москва говори за напад со камион-бомба. Медиумските снимки покажуваат големи оштетувања.

Големиот пожар на Керчкиот мост избувна во раните утрински часови
Големиот пожар на Керчкиот мост избувна во раните утрински часовиФотографија: REUTERS

Руските власти денеска соопштија дека камион-бомба предизвикал пожар и оштетувања на дел од мостот кој ги поврзува Кримскиот полуостров и копнениот дел на Русија.

Рускиот Национален антитерористички комитет соопшти оти експлозијата на камионот-бомба запалила 7 вагони-цистерни поради што делумно се урнале два дела од мостот. Комитетот во првичното соопштение не обвини никого за експлозијата.

„Денеска во 6 часот и 7 минути на делот за автомобилски сообраќај на Кримскиот мост... експлодираше камион-бомба кој запали 7 железнички цистерни кои се движеа кон Крим“, наведе комитетот.

Утрината руските агенции јавија дека пожарот избувнал на Керчкиот мост, како што официјално се нарекува мостото кој копнениот дел на Русија го поврзува со полуостровот Крим, кој беше нелегално анектиран од страна на Москва во 2014 година, како и оти е запрен сообраќајот на мостот.

Кримските железници претходно соопштија дека се запалила цистерна на крајот на композицијата на воз.

Големиот пожар предизвика прекин на сообраќајот на Керчкиот мост Фотографија: Alyona Popova/Tass/IMAGO

Портпаролот на Кремљ изјави оти рускиот претседател, Владимир Путин, наредил формирање на владина комисија за утврдување на фактите.

Според Националниот антитерористички комитет, делот од мостот кој е предвиден за автомобилски сообраќај е оштетен.

Шефот на Кримското собрание, регионален парламент кој го воспостави Русија, Владимир Константинов, го осуди ударот, како што рече, „на украинските вандали“.

Керчкиот мост е изграден по наредба на рускиот претседател Путин, а е отворен за сообраќај во 2018 година, тој преминува преку Керчкиот теснец и ги поврзува Русија и Крим.

Преку овој мост се превезува воена опрема за руската војска која се бори во Украина.

Доколку се покаже оти Украина стои зад пожарот и експлозијата на Кримскиот мост тоа би било поразително сознание за Русија дека украинските сили можат да оштетат толку важна инфраструктура далеку од фронтот.


 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми