1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиИндија

Близу 300 загинати во железничка несреќа во Индија

СН/агенции | АРД
3 јуни 2023

Железничките несреќи се вообичаена појава во Индија - но катастрофа од вакви размери е апсолутен исклучок дури и таму: три возови се судрија и излетаа од шините во Баласоре, а бројот на жртви се искачи на најмалку 288.

Бројни спасувачи на местото на несреќата во областа Баласоре во источната индиска држава Одиша
Бројни спасувачи на местото на несреќата во областа Баласоре во источната индиска држава ОдишаФотографија: Dibyangshu SARKAR/AFP/Getty Images

Според последните информации, најмалку 288 луѓе загинале во тешката железничка несреќа во областа Баласоре во индиската сојузна држава Одиша. Покрај тоа, има околу 900 повредени, изјави шефот на управата на Одиша, Прадип Кумар Јена, пренесуваат индиските новински агенции АНИ и ПТИ.

По разденувањето беа видливи вистинските размери на катастрофатаФотографија: JAYANTA SHAW/AFPTV/AFP/Getty Images

Со оглед на тоа што се веруува дека се уште има луѓе под превртените вагони, а спасувачката работа била дополнително отежната. со доаѓањето на ноќта, треба да се стравува од натамошно зголемување на бројот на настрадани. Но, веќе е јасно дека ова е една од најтешките железнички несреќи во последните децении.

Еден од бројните уништени вагониФотографија: ANI/Reuters

Иако железничките несреќи се вообичаена појава во Индија, толку високи бројки на жртви се ретки дури и во земјата со 1,4 милијарди жители. Несреќата се случила во петокот вечерта (02.06.2023) околу 19 часот. Текот на настаните спроти несреќата се уште е нерајаснет и неколку часа по трагедијата, а ситуацијата на местото на несреќата останува конфузна.

Уништените возови во катастрофата во БаласореФотографија: Dibyangshu SARKAR/AFP/Getty Images

Според досегашните сознанија, од шините излетале два патнички и еден товарен воз. На снимките од местото на несреќата се гледаат  спасувачите кои во превртените и уништени вагони  очајнички се обидуваат да ги спасат повредените патници.

Индискиот министер за железници Ашвини Ваишнау за новинската агенција АНИ, изјави дека наредил итна истрага за причините за несрежата возовите. Премиерот Нарендра Моди потресено  напиша на Твитер: „Во овој час на тага, моите мисли се со ожалостените семејства“.

Се стравува дека уште многу луѓе се заглавени во уништените вагониФотографија: Press Trust of India/dpa/picture alliance

Набргу по несреќата, кабинетот на премиерот најави обештетување за роднините на загинатите од по 200.000 рупии (2.267 евра). Повредените, пак, треба да добијат по 50.000 рупии, а министерот за железници Ашвини Ваишнав вети и дополнителна отштета од еден милион рупии за роднините на загинатите.

Бројни спасувачи на местото на несреќата во областа Баласоре во источната индиска држава Одиша

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми