1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБразил

Тесна победа на Лула на изборите во Бразил

Ролф Петер Бројх
31 октомври 2022

Луис Инасио Лула да Силва ја доби битката за претседател на Бразил. Останува прашањето како по речиси изедначената трка како ќе се однесува актуелниот претседател Жаир Болсонаро.

Лула да Силва постигна тесна победа на изборите во Бразил
Лула да Силва постигна тесна победа на изборите во БразилФотографија: Lincon Zarbietti/dpa/picture alliance

На претседателските избори во Бразил, поранешниот претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва и актуелниот претседател, десничарот Жаир Болсонаро се бореа рамо до рамо. На крајот Лула постигна тесна победа: изборните органи го прогласија за победник со 50,9 отсто од гласовите. Болсонаро доби 49,1%.

Во својот прв говор по изборите, Луланајави дека сака да ги помири непријателските табори во оваа јужноамериканска земја. „Ќе владеам за 215 милиони Бразилци. Нема два Бразила, само еден народ“, изјави Лула во Сао Паоло. Според него, дојден е моментот за враќање на мирот.

Славје на приврзаниците на Лула да Силва во Сао ПаолоФотографија: Ricardo Moreira/Getty Images

Губитникот молчи

Американскиот претседател Џо Бајден му честиташе на новоизбраниот претседател на Бразил за победата. Тој притоа нагласи дека гласањето било „слободно, фер и веродостојно“.

Претседателот Болсонародосега сè уште не излезе со изјава. Сепак, сојузниците на актуелниот шеф на државата ја признаа победата на Лула. Болсонаро во неколку наврати фрлаше сомнеж врз изборниот систем и навестуваше дека можеби нема да сака да го признае резултатот. Некои од неговите поддржувачи дури и отворено повикаа на воен удар.

Жаир Болсонаро засега молчиФотографија: Adriano Machado/REUTERS

Избори значајни не само за Бразил

Лула победи во првиот круг од изборите, на 2 октомври, иако многу потесно од она што го покажуваа анкетите. Потоа, трката повторно се сметаше за целосно отворена. Предизборната кампања со месеци ја одбележаа сериозни меѓусебни обвинувања и лажни информации кои се шират на интернет. И двајцата кандидати се бореа за секој глас до крај.

Изборите имаат значителни импликации и надвор од границите на Бразил. Како огромен јаглероден резервоар, регионот на Амазон игра важна улога во борбата против глобалните климатски промени. Со оглед на тензичната ситуација на пазарите на енергија и храна поради војната во Украина, Бразил со своите огромни природни ресурси е исто така и важен трговски партнер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми