1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиМексико

Тежок земјотрес во Мексико

Сузане Ајкенфондер
20 септември 2022

Силен земјотрес во Мексико предизвика паника кај локалното население и однесе една жртва. Епицентарот на потресот бил на брегот на Пацификот.

Жители на Мексико Сити по земјотресот
Жители на Мексико Сити по земјотресотФотографија: Luis Cortes/REUTERS

Американската сеизмолошка служба УСГС соопшти дека земјотресот имал јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, додека мексиканскиот Сеизмолошки институт јави дека потресот бил со јачина од 7,7 степени. Епицентарот, според експертите, бил на длабочина од 15,1 километри југоисточно од градот Аквила, во сојузната држава Мичоакан, на мексиканскиот брег на Пацификот. Властите издадоа предупредување од цунами. Експертите досега регистрираа повеќе од 70 афтершокови, од кои најсилниот бил со јачина од 5,1 степени. Според наводи на претседателот Андрес Мануел Обрадор, едно лице загинало од урнат ѕид во сојузната држава Колима.

На интернет кружат слики за кои се тврди дека се направени во регионот погоден од земјотресот. На нив се гледаат тешко оштетени куќи. Очевидци од Мексико Сити јавуваат за згради кои се нишаат. Засега не е забележана штета во главниот град, рече градоначалничката Клаудија Шајнбаум Пардо. Сепак, додаде таа, сè уште нема прецизен преглед на ситуацијата. Во делови од Мексико Сити имаше прекин на електричната енергија. Градот се наоѓа на околу 400 километри од епицентарот на земјотресот. Само половина час пред потресот, во Мексико Сити заврши вежба на Службата за цивилна заштита, која се одржува секогаш на 19 септември.

По потресот голем број луѓе побегнаа на улицитеФотографија: Alfredo Estrella/AFP/Getty Images

Ова е трет силен потрес што го погаѓа Мексико на истиот ден. На 19 септември 1985 година, во земјотрес со јачина од 8,1 степени, во Мексико Сити загинаа над 10 илјади луѓе. Уништени беа стотици објекти. Во 2017 година, во земјотресот на 19 септември со јачина од 7,1 степени загинаа речиси 370 лица, главно во Мексико Сити. Сопственик на продавница воквартот Куаутемок изјави: „19-ти е ден за страв“.

Мексико граничи со Атлантикот и Пацификот и е еден од сеизмички најактивните региони во светот. Неогвата терторија се простира на дури пет тектонски плочи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми