1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МедиумиРоманија

ТикТок ги одлучува претседателските избори во Романија?

Мартин Муно
4 декември 2024

Во голема мера непознат десничарски екстремист би можел да стане нов претседател на Романија - благодарение на ТикТок. Дали денес социјалните мрежи одлучуваат за изборите?

Калин Георгеску  претседателски избори во Романија
Речиси непознатиот Калин Георгеску изби на врвот по првиот круг претседателски избори во РоманијаФотографија: Vadim Ghirda/dpa/picture alliance

Тоа беше изборен резултат кој удри како гром од ведро небо. И не само во Романија.  Во голема мера непознатиот Калин Георгеску  не припаѓаше на ниту една политичка партија, се појавуваше само маргинално во сите анкети на јавното мислење и не учествуваше во ниту една од главните телевизиски дебати во пресрет на претседателските избори. Но, тој беше сè поприсутен на социјалните мрежи - особено на ТикТок. Неговиот канал има 520.000 следбеници и 5,7 милиони лајкови.

Милиони го гледаат како јава како Путин

Поларизирачките видеа од кампањата на Георгеску на социјалната мрежа се видени од милиони корисници. Таму, тој не само што  ги критикуваше етаблираните политичари -  често со лажни факти - туку се прикажуваше како џудист или јавач, исто како неговиот пример, рускиот претседател  Владимир Путин.Кога Георгеску изби на врвот по првиот круг на гласање, тоа беше големо изненадување. А веќе следната недела, на 8 декември тој теоретичар на заговор,  критичар на НАТО и пријател на Путин  би можел да биде избран за претседател на Романија.

Протести во Букурешт по објавувањето на резултатите од првиот круг на претседателските избори во Романија Фотографија: George Arun/DW

Според мислењето на многу набљудувачи, платформите на социјалните медиуми, особено ТикТок, одиграле голема улога во успехот на Георгеску. Таа видео платформа е исклучително популарна, особено во Романија: од 19 милиони жители, ја користат околу девет милиони - главно млади луѓе.

Дали ТикТок го фаворизираше Георгеску?

Иако на ТикТок се и други романски политичари од висок ранг, ниту еден од нив не успеа ни приближно да допре до толку луѓе и гласови како Георгеску. Резултат: речиси една третина од Романците на возраст меѓу 18 и 24 години гласаа за него, без оглед на неговите груби и неточни тези како онаа дека слетувањето на Месечината во 1969 година било лажно.

Изборната комисија го обвини ТикТок  дека му овозможил на Георгеску да дојде до предност. Пред изборите, таа му дала инструкции на ТикТок кандидатите да се идентификуваат како такви и да ги откријат нивните извори на финансирање. Во случајот на Георгеску, ТикТок не го спроведе тоа и со тоа го фаворизираше пред другите кандидати, се жалат надлежните служби.

ТикТок: „Немаше влијание“

Затоа, романската регулаторна служба за медиумија повика Европската унија да започне истрага за ТикТок.

Самиот ТикТок ги отфрли сите обвинувања и истакна дека отстранил десетици илјади лажни профили и милиони лажни лајкови и следбеници. Освен тоа, велат дека не се откриени знаци на прикриено влијание од самата Романија или од странство.

Од 19 милиони жители во Романија, ТикТок користат околу девет милиони - главно млади луѓеФотографија: Dan Kitwood/Getty Images

Германскиот експерт за комуникации и експерт за ТикТок, Маркус Беш, гледа јасна контрадикторност во ова: „Како е можно да се отстранети бројни профили и лајкови, иако немало знаци на влијание?"

„Екстремните погледи стануваат нормални“

За американскиот лингвист Адам Алексиќ главниот проблем лежи во алгоритмите на современите социјални платформи, кои повеќе не се одредуваат според принципот на бројот на следбеници. Едноставно кажано, тоа значи дека повеќе не ги гледаме објавите на оние што ги следиме, туку оние кои се најгласни.

Во една статија за „User Mag", Алексиќ пишува: „Алгоритмите го користат ангажманот како мерка за виралност, а дезинформациите имаат тенденција да го поттикнат ангажманот“. Тврдењата дека Хаиќаните јадат домашни миленици предизвикаа екстремни реакции потребни за виралност. Дури и обидите да се поправат тие невистини може парадоксално да се посматраат како дополнителен ангажман“.

Деталите, точноста и нијансите се губат, а екстремните погледи стануваат нормални.

ТикТок е „апликација на моментот“

Според германскиот експерт за комуникации Маркус Беш, главниот проблем е што ТикТок го користат многу луѓе, додека силните независни медиумски брендови сè повеќе исчезнуваат. Сепак, ова не е проблем само со ТикТок, туку со сите социјални медиуми.

„ТикТок е 'апликација на моментот', што значи дека многу теми и трендови подоцна може да се најдат и на други платформи“, вели Беш и додава: „Општествата, политичарите и операторите на платформи мора да бидат свесни дека оваа закана и обиди за влијание постојат, дека ќе продолжат да постојат и затоа треба да бидат поотпорни и подготвени да преземат контрамерки во контекст на стратешката комуникација."

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми