1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаКазахстан

Токаев реизбран на претседателската функција во Казахстан

ЖА / дпа
21 ноември 2022

На претседателските избори во поранешната советска република Казахстан, според очекувањата, победи актуелниот шеф на државата, Касим-Жомарт Токаев.

Казахстан, Касим-Жомарт Токаев
Старо-новиот претседател на Казахстан, Касим-Жомарт ТокаевФотографија: Pressebüro des kasachischen Präsidenten/AP/picture alliance

Касим-Жомарт Токаев, актуелниот претседател на поранешната советска република,  богата со нафта и гас,   Казахстан,  на претседателските избори одржани вчера (20.11.2022) е реизбран на функцијата со освоени 81,31 проценти од гласовите, соопшти денеска Изборната комисија во Астана. Неговите пет противкандидати на изборите постигнале резултати меѓу 2,1 и 3,4 проценти. Излезноста на изборите изнесувала 69,4 проценти, а 5,8 проценти од избирачите на гласачките ливчиња ја заокружиле опцијата „ гласам против сите кандидати".

Дали спасот е во Казахстан?

01:34

This browser does not support the video element.

На 69-годишниот Токаев, по промената на уставот, му претстои мандат од седум години, досега мандатот беше ограничен на пет години. Право на глас во земјата која  граничи со Кина и со Русија,  вчера имаа околу 12 милиони граѓани. Меѓународните набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка, ОБСЕ, денеска ќе ја дадат својата оценка во врска со одржаните избори, но уште претходно ги критикуваа ограничувања при регистрацијата на кандидатите за највисоката државна функција.

Токаев во март 2019 година го развласти својот авторитарен претходник  Нурсултан Назарбаев,  кој на чело на Казахстан беше околу 30 години. На изборите во јуни 2019 година, проследени со полициско насилство, Токаев беше избран со 70, 96 проценти од гласовите.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми