1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вајц се надева дека по изборите ќе има и уставни измени

21 октомври 2025

Недостига вистински пробив за напредок на Северна Македонија на европскиот пат, вели европратеникот Томас Вајц.

Томас Вајц
Томас Вајц се надева дека по локалните избори Македонија ќе ги спроведе уставните измениФотографија: DW/Virtyt Gacaferri 

Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега сè уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц. 

„Северна Македонија сè уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок“, вели Вајц во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР), од која дел е и МИА. 

На вистински пат

Тој изразува надеж дека по локалните избори ќе бидат „направени потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница во Уставот како малцинство“. 

„Тоа ќе го отвори патот за вистинско започнување на преговорите. Мислам, таа сега е земја опфатена со пристапниот процес, но всушност ги немаме започнато преговорите. Треба да ги започнеме наскоро за да ја одржиме земјата на вистинскиот пат“, додава Вајц. 

Изјавата следи откако бугарскиот претседател Румен Радев за време на средбата со претседателот на Унгарија, Тамаш Сујок, во понеделникот (20.10) повика Унгарија да ја убеди Северна Македонија дека промената на Уставот и европскиот консензус по однос на ова прашање се неотповиклив услов за членство во Европската Унија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми