1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

„Топовско месо“- маките на мобилизираните Руси

18 март 2023

Мобилизираните Руси во видео пораки се жалат дека неподготвени, под закани и насилство ги испраќаат на фронтот во Украина. Што постигнале досега поплаките од неколку региони на Русија?

Мобилизирани Руси се подготвуваат да ѝ се приклучат на народната милиција на самопрогласената „Народна република Луганск“
Мобилизирани Руси се подготвуваат да ѝ се приклучат на народната милиција на самопрогласената „Народна република Луганск“Фотографија: Stanislav Krasilnikov/ITAR-TASS/imago images

Уште од јануари има се повеќе видео пораки од мобилизирани Руси кои се испраќаат во војната против Украина. Есента 2022 година, кога започна мобилизацијата, имаше најмногу жалби – за несоодветни униформи, необученост и за хаос со воениот рок. Но во нивните апели и жалби, поголемиот дел од мобилизираните Руси сепак уверуваат дека не се против  војната во Украина и дека ќе слушаат наредби. Сепак зимава во регионалните медиуми и на социјалните мрежи имаше многу извештаи за големи загуби, како и за тоа дека мобилизираните биле принудувани да одат на фронтот во Украина под закана дека во спротивно ќе бидат стрелани. 

Судбината на цели воени единици покажува дека апелите до министерот за одбрана Сергеј Шојгу, претседателот Владимир Путин и регионалните власти била залудна. Пример за тоа се мобилизираните од Сибир и нивните роднини кои само изминатиов месец испратија најмалку пет видео пораки. Во првите клипови, од крајот на јануари, војниците од Новосибирск, дел од полкот 1439 доделени на воената единица 95380 велат дека уште на доѓањето во самопрогласената „Народна република Доњецк“ биле ставени во единицата за напад иако биле обучувани за територијална одбрана. 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу (лево), претседателот Владимир Путин и началникот на Генералштабот Валериј ГерасимовФотографија: SPUTNIK via REUTERS

Слична е содржината и на видео порака од почетокот на февруари, од мобилизираните од регионот Иркутск, кои му се доделени на истиот полк. Судбината на мажите кои морале да упаѓаат по згради и запоседнатите области набрзо стана позната од видео порака од други мобилизирани Руси.

„Баталјонот е речиси целосно уништен“

Мобилизираните од регионот Иркуцк, кон крајот на февруари повторно испратија видео апели. Тие се дел од Првата словенска бригада на самопрогласената „Народна република Доњецк“. И тие иако војници за територијална одбрана, биле испратени како напаѓачки трупи без поддршка на артилеријата, соодветни комуникациски средства, инженери и извидница во напад на освоената област Авидивка „како топовско месо“ како што вели еден од мобилизираните војници во видеото. Тој додава и дека кој ќе одбиен имало закана дека ќе биде стрелан од командантите на „Народна република Доњецк“.

„И пред нас имаше апели од Вториот баталјон, кој во меѓувреме е целосно уништен,“ вели војникот, за мобилизираните кои пред само две недели му испратија ваква порака на Путин. Гувернерот од Иркутск, Игор Кобшев вети дека ќе стапи во контакт со Военото обвинителство за овие мажи „да се префрлат на ново место на должност“. Но неколку дена подоцна тие повторно беа испратени во напад. „Испратени беа и Првиот и Вториот баталјон. Залудно чекавме трансфер,“ вели еден од мобилизираните. Два дена подоцна и нивните роднини испратија апел повторно до Путин: „Драг Владимир Владимирович, вие сте ни последната надеж.“ Неколку дена подоцна порталот „Сибир.Реали“ на „Радио Либерти“ сподели дека речиси целиот полк е „практично уништен“ и дека по седми пат ќе добијат засилување со мобилизирани лица. 

Извинување за поплаките

Слична ситуација имаше и во јануари со мобилизираните од регионот Јарослав. И тие му се обратија на Путин и се жалеа дека ги обвинуваат за дезертерство иако ги напуштиле позициите по наредба на командантите. Нивните роднини за локалниот весник „Место Сили Јарослави“ изјавија дека ниту Министерството за одбрана ниту Военото обвинителство, ниту истражните органи не реагирале на нивните поплаки.

Мобилизирани руски регрути на железничка станица во СибирФотографија: Yevgeny Sofiychuk/TASS/dpa/picture alliance

Подоцна мобилизираните беа распоредени во различни области и испратени во првите борбени редови на фронтот. На роднините потоа им беше забрането да зборуваат со медиумите. Под притисок беа ставени и мобилизираните од регионот Самара. Во новогодишната ноќ наишле на оган во Макијивка. Потоа биле донесени во зградата на поранешно училиште. Преживеаните на почетокот од февруари испратија апел до Путин во кој се жалат на „лош третман“ од командантите. Само десет дена подоцна се појави ново видео во кое се извинуваат за поплаките. Како што изјавил роднина на еден од мобилизираните на Телеграм каналот "Mozhem obyasnit" (Можеме да објасниме) незадоволните војници прво биле пратени во Русија каде што е снимено извинувањето. Потоа во помали групи биле вратени во борбените области.  

Назад на фронтот 

Методата да се враќаат оние кои се жалат во Русија, за потоа повторно да ги вратат на фронтот, е широко распространета. Мобилизирани се жалат во апел од почетокот на февруари дека командантите од самопрогласената „Народна република Луганск” не ги третирале “како луѓе” и ги праќале како напаѓачка единица да служат како „топовско месо”. Подоцна беа објавени уште две видеа од мобилизирани од други делови на Федерацијата по што од прес-службата на републиката соопштија дека по жалбата “сите мобилизирани биле вратени на нивното старо место”. Според адвокатот Јелена Хафизова, која ги застапува руските мобилизирани лица, тие по само неколку дена повторни биле пратени на воено поле. "Борците сега се на располагање на ‘Народната република Доњецк’ и фактички беа преземени привремени мерки против нив”, вели адвокатот. На оние кои се жалеле, им се заканиле со кривични постапки. На сличен начин ги третирале и војниците од Серпучов кои по жалбите во ноември минатата година биле вратени во Белгород. "Три дена подоцна пак го вратија на фронтот”. Тие не сакаа  да се вратат таму, едноставно ги поднесоа, без право на приговор. Условите таму се непроменети”, вели сопругата на еден од војниците. 

Ќотек и закани 

На почетокот на февруари на Телеграм каналот „Руски Азијати” беше објавена видео порака во која мобилизирани се жалат дека „од војници од самопрогласената република Доњецк” биле тепани и добивале закани. „Пукаа со автоматски пушки и ни рекоа дека нема живи да излеземе од таму и дека им припаѓаме на нив, на Народната република Доњецк”, раскажува еден маж на снимката.

Русите се добредојдени во Србија, критиките за Русија не се

02:54

This browser does not support the video element.

Ова предизвика реакции, по што поранешниот прв човек на републиката Шолбан Караол се сретна со војниците и изјави дека никој од мобилизираните не бил сериозно повреден. „Сега откако разговаравме и тие разбираат дека на прво место мора да биде дисциплината која се базира на потчинување на командантите и на однесување спрема потчинетите со почит од командантите”, изјави тој. По двонеделна истрага од обвинителството соопштија дека немало докази за наводните тепања. 

„Не одбиваме наредби" 

Такви апели со слични приказни упатија десетици мобилизирани од разни региони на Русија, па така и неодамна обврзници за служење воен рок од регионот Белгород кои биле пратени во Народна Република Доњецк. И нив од командата ги окфалификувале како трупа за напади. “Тоа е тотална глупост. Моите војници умираат. Ова е сѐ што ми остана од цела компанија”, вели човекот во видео клипот, опкружен од десет други лица. Властите во Белгород објаснија дека единицата ги добила сите потребни воени обуки. Сите други прашања се препратени на Министерството за одбрана.

Во повеќето видео клипови мобилизираните нагласуваат дека не одбиваат наредби, туку само бараат да добијат опрема, да бидат распоредени соодветно на нивната обука и да не бидат ставени под надлежност на самопрогласената Република Донбас. Војниците од Белгород велат дека ќе извршуваат наредби само „под команда на војската на Руската федерација”. Министерството за одбрана, првиот корпус на армијата од Доњецк за кој се жалат мобилизираните, уште на 1 јануари го интегрираше во руската војска. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми