1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЛитванија

Товарен авион од Лајпциг се урна во Вилнус

ЕМФ / дпа
25 ноември 2024

Товарен авион, кој по налог на ДХЛ полета од Лајпциг, се урна пред аеродромот во Вилнус. Притоа загина најмалку едно лице.

Литванија авион на ДХЛ се урна во Вилнус
При уривањето загина најмалку едно лицеФотографија: Petras Malukas/AFP

Авион кој по налог на ДХЛ полетал од Лајпциг, Германија, рано изутринава се урна во близина на градниот град на Литванија, Вилнус. Притоа загина најмалку едно лице, а три се повредени и пренесени во болница, јави агенцијата БНС повикувајќи се на портпаролка на спасувачката служба. Според првичните наводи, во авионот имало четири лица.

Раководителот на литванскиот Центар за менаџирање на кризи соопшти дека се води истрага за причините на несреќата, односно дали се работи за „технички проблеми“ на леталото. Како што се вели, авионот паднал покрај зграда. Градоначалникот на Вилнус, Валдас Бенкунскас изјави дека леталото „случајно“ ја промашило зградата и паднало во двор. По падот избил пожар. Станарите во зградата, која се наоѓа во подрачје кое е ретко населено, се евакуирани.

Се води истрага дали се работело за „технички проблеми“ на леталотоФотографија: Petras Malukas/AFP

Предупредувања од германските безбедносни власти

На крајот на август беше соопштено дека германските безбедносни власти предупредуваат од „неконвенционални запаливи средства“ што непознати лица ги испраќаат преку ДХЛ.

Германската Сојузна служба за заштита на уставот (БфВ) и Сојузната криминалистичка служба (БКА) своевремено испратија предупредување до компаниите во воздухопловниот и логистичкиот сектор. Предупредувачката порака беше поврзана, меѓу другото, со инцидент во логистичкиот центар на ДХЛ во Лајпциг. Таму во јули се запалил пакет испратен од Балтикот кој содржел запаливо средство. Зборот Русија не се појавува во предупредувачката порака од БфВ и БКA. Сепак, во безбедносните кругови не се исклучува поврзаност со зголемени случаи на руска саботажа во Германија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми