1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп разгорува стравувања од можна анексија на Гренланд

ЖА / агенции
5 јануари 2026

Претседателот на САД ги потврди претензиите на САД кон данскиот остров Гренланд, предизвикувајќи остра реакција од Данска. Данската премиерка Фредериксен побара САД да престанат со „заканите“ кон својот сојузник во НАТО.

САД ја управуваат вселенската база Питуфик во северен Гренланд од 1943 година
САД ја управуваат вселенската база Питуфик во северен Гренланд од 1943 година (архивска фотографија од октомври 2023 година)Фотографија: Thomas Traasdahl/Ritzau Scanpix/IMAGO

Во телефонско интервју за списанието „Атлантик“, американскиот претседател  Доналд Трамп  јасно стави до знаење дека по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, и други земји би можеле да станат цел на американска интервенција.  „Ни треба Гренланд, апсолутно.  Ни треба за одбрана“, рече Трамп. Со тоа ги повтори своите претходните изјави и оние од неговото блиско опкружување.

Данската премиерка Мете Фредериксен веднаш го отфрли ова. „Апсолутно нема смисла да се зборува за потребата на САД да го преземат Гренланд.  САД немаат право да анектираат ниту една од трите земји на Кралството Данска“, изјави Фредериксен во реакција испратена по е-пошта. Данска се состои од територијата што се граничи со Северното и Балтичкото Море, како и автономно управуваните атлантски острови Гренланд и Фарските Острови.

„Затоа ги повикувам  САД да престанат со заканите  кон историски близок сојузник и кон друга земја и друг народ кои јасно ставија до знаење дека не се на продажба“, продолжи данската премиерка.

Мете Фредериксен постојано се спротивставува на коментарите на Трамп за анексија на ГренландФотографија: Stephanie Lecocq/REUTERS

„Кога претседателот на Соединетите Американски Држави вели: 'Ни треба Гренланд' и нè поврзува со Венецуела и воена интервенција, тоа не е само погрешно. Тоа е непочитување“, изјави премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.

Интервенцијата во Венецуела, по наредба од Трамп, предизвика загриженост дека истовремено би можела да претставува преседан за акција на САД во Гренланд или за понатамошно постапување на Русија во војната во Украина со одобрение од САД.

По воената акција во Венецуела,  Кејт Милер, сопругата на заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, објави мапа на Гренланд во боите на САД со зборот „Наскоро“.

Стратешката локација на  арктичкиот остров,  со неговите 57.000 жители, го прави важно место за американскиот систем за ракетна одбрана. Покрај тоа, неговото  богатство од минерални ресурси е посакувано,  бидејќи САД се стремат да ја намалат својата зависност од кинескиот извоз. Гренланд некогаш беше данска колонија, во голема мера зависи од данските субвенции и има законски загарантирано право да прогласи независност од 2009 година. Владата во Копенхаген неодамна се обиде да ги подобри затегнатите односи со Гренланд, а истовремено да ги намали тензиите со администрацијата на Трамп преку инвестиции во одбраната на Арктикот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми