1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп и европската десница: Колку е блиско пријателството?

18 февруари 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп има ентузијастички поддржувачи во Европа: тие се лидери на десничарски влади и партии. Но, тоа пријателство покажува пукнатини, особено околу апетитите на Трамп за Гренланд.

Американскиот претседател Доналд Трамп покажува со прстото кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, на чие лице има насмевка
Американскиот претседател Доналд Трамп одамна може да смета на поддршката од унгарскиот премиер Виктор ОрбанФотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

Веднаш по годинешната Минхенска безбедносна конференција, американскиот државен секретар Марко Рубио отпатува во Словачка, а потоа во Унгарија. Ова не е случајност: и во двете земји, премиерите владеат на начин кој му се допаѓа на Доналд Трамп - тие се евроскептични, непријателски настроени кон имиграција, а климатските промени за нив не се тема.

Администрацијата на Трамп, исто така, поддржува други десничарски влади и партии во Европа. Меѓутоа, некои се дистанцираа од Трамп кога тој се закани дека ќе го земе Гренланд, доколку е потребно на сила, кој ѝ припаѓа на Данска.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан: „Духовен брат“

Виктор Орбан е на власт од 2015 година, и за време на првиот мандат на Доналд Трамп (2017–2021). Орбан го нарече идеолошки „духовен брат“. Ова важи за речиси сите области од нивната политика.

Додека поранешниот американски претседател Џо Бајден  го обвини Орбан за „тежнеење кон диктатура“ поради вршење притисок врз независните медиуми и спротивставување на ЛГБТК правата, Трамп неодамна го пофали како „вистински пријател, борец и победник“. Трамп и Рубио особено сега го поддржуваат Орбан во изборната кампања за парламентарните избори во април, кои Орбан би можел да ги изгуби.

Орбан, исто така, ја поддржува политиката на Трамп за значително намалување или запирање на воената помош за Украина - за разлика од, на пример, италијанската премиерка Џорџа Мелони. Како Трамп, и Орбан нема проблем да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и одбива да ѝ препише на Русија јасна вина за војната.

Кој го поседува Гренланд?

00:57

This browser does not support the video element.

Во рамки на Европската Унија, Орбан е аутсајдер. Тој одржува блиски врски со Алтернатива за Германија (AфД), која Сојузната служба ја за заштита на уставниот поредок на Германија во делови ја класифицира како екстремистичка партија.

Пред една година, Орбан ја прими лидерката на AфД, Алис Вајдел, во неговата официјална резиденција и изјави дека е „апсолутно јасно дека AфД е иднината“.

Во врска со прашањето за Гренланд, Орбан остана резервиран. Тој избегна директна осуда на Трамп, велејќи дека проблемот треба да се реши во рамките на НАТО.

Словачкиот премиер Роберт Фицо: Контрадикторна личност

Рубио го посети словачкиот премиер Роберт Фицо веднаш по безбедносната конференција. Во Братислава, тој рече дека САД под претседателот Трамп „ќе ја направат не само Словачка, туку и цела Централна Европа централна компонента на нашиот ангажман на континентот и во светот“.

Тој не даде конкретни информации за тоа. Заедно со Орбан, Фицо се смета за еден од најблиските сојузници на Трамп во ЕУ. Фицо води строга антиимиграциска политика. Во 2016 година, тој изјави: „Исламот нема место во Словачка“.

Тој ги запре испораките на оружје за Украина и ги нарече Украинците, нападнати од Русија, „нацисти и фашисти“. 

Американскиот државен секретар Марко Рубио (лево) го поправи имиџот на словачкиот премиер Роберт Фицо преку неговата посета на 15 февруари, 2026Фотографија: Alex Brandon/REUTERS

Но, политиката на Фицо кон САД е контрадикторна. За време на неговиот прв мандат од 2006 до 2010 година, тој бараше поблиски врски со земји како Русија, Кина, Венецуела и Куба - ниту една од нив не е близок сојузник на Вашингтон. 

Кон крајот на јануари 2026 година, еден напис во списанието Политико предизвика бурни реакции, повикувајќи се на неименувани европски дипломати. Во него се вели дека Фицо наводно на маргините на самитот на ЕУ рекол дека Трамп „го загубил разумот“. И Фицо и Белата куќа жестоко ги демантираа наводите како „лаги“ и „лажни вести“.

Шефицата на AфД, Алис Вајдел: Отпадник кој добива поддршка

Помина една година откако потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, остро ги критикуваше Европејците на Минхенската безбедносна конференција во 2025 година. Тогаш рече дека Европејците ја задушуваат слободата на говорот и дозволуваат деструктивни миграции кои европското население не ги сака.

Потоа Венс ги испровоцира политичките партии на центарот во Германија: тој демонстративно се сретна со копретседателката на AфД, Алис Вајдел - која не беше поканета на конференцијата - игнорирајќи го тогашниот канцелар Олаф Шолц од СПД. Ова беше силен поттик за партијата, која во дел е екстремно десна и со која партиите на центарот не сакаат да соработуваат.

Вајдел со Трамп ја дели борбата против имиграцијата, отфрлањето на климатската политика и акцентот на нацијата. Не ѝ пречеше ни тоа што Трамп е подготвен да направи значителни отстапки кон Русија за да постигне мир во Украина, што е и став на AфД. 

Алис Вајдел на настан на АфД во јануари 2025 година разговараше преку видео-врска со тогашниот близок советник на Трамп, Илон Маск, кој ја опиша партијата како „последен зрак надеж“ за ГерманијаФотографија: AFP

Работите станаа покомплицирани кога Трамп инсистираше на преземање на Гренланд, територија што му припаѓа на сојузник на НАТО. Оттогаш, партијата донекаде реторички се дистанцираше од Трамп.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони: Посредник

Таа не е само лидер на партијата Браќа на Италија, честопати опишувана како постфашистичка, туку и првата жена која ја предводи италијанската влада.

Таа е идеолошки блиска со Доналд Трамп и уште на почетокот бараше негова политичка блискост - на големо разочарување на другите Европејци. Како премиерка на третата најголема економија во ЕУ, ѝ беше доделена важна посредничка улога во конфликтите меѓу ЕУ и САД.

А нив ги има многу. Џорџа Мелони го искористи своето влијание во минатогодишниот трговски спор и понуди да посредува и во спорот за Гренланд. Нејзината посредничка улога е веројатно ограничена, но и двете страни ја сфаќаат сериозно. 

Двајца луѓе кои се сложуваат многу добро: Доналд Трамп ја прими Џорџа Мелони во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида кратко по неговата изборна победа во јануари 2025 година.Фотографија: Italian Government/Handout/REUTERS

Таа го нарече барањето на Трамп за Гренланд „грешка“. За поголемиот дел од италијанската јавност, Трамп отиде предалеку. Затоа таа премина во офанзива, велејќи: „Има многу работи за кои не се согласувам со Трамп. Ако не се согласувам, му кажувам“.

Таа, исто така, задржува независен став за Украина: отсекогаш се залагала за поддршка на таа загрозена земја.

Марин Леп Пен: Гордата Французинка држи дистанца

Франција е Франција. Нема потреба никому да му се додворува. Ова е впечатокот што го остава претседателот Емануел Макрон.

Се чини дека истото важи и Марин Ле Пен од партијата Национален собир, која сака да го наследи Макрон на изборите во 2027 година. Таа ја опиша победата на Трамп во 2016 година како „добра вест за Франција“ и го пофали неговиот фокус на националниот суверенитет, борбата против глобализацијата и рестриктивните имиграциски политики.

По неговата втора победа, таа беше забележливо резервирана. Таа го нарече неговото суспендирање на воената помош за Украина „сурово“. Веќе некое време, Ле Пен се обидува да ѝ даде на својата партија поприфатлив имиџ за да биде поддржана од поширокото гласачко тело. 

Лидерите на францускаѕа десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен и Жордан Бардела имаат дистанциран однос кон Доналд ТрампФотографија: Aurelien Morissard/Maxppp/dpa/picture alliance

Прашање е дали Ле Пен воопшто ќе може да се кандидира за претседателската функција, бидејќи со судска пресуда - на која таа поднесе жалба - ѝ се забранува да извршува јавна функција. 

Но, алтернативниот кандидат, лидерот на Републиканската република Џордан Бардела, го гледа Трамп на сличен начин. Бардела првично го поздрави Трамп, но ги нарече неговите закани за царините и за Гренланд „неприфатливи“, а неговиот реизбор „лоша вест за француските интереси“.

Бардела редовно нагласува дека Трамп „не е негов пример“ и дека тој ги следи само француските примери. Кон крајот на 2025 година, тој изјави: „Не ми треба голем брат како Трамп“.

 

Кристоф Хаселбах Новинар, дописник од странство и коментатор на меѓународната политика
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми