1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Трамп им се закани на Иран и на Хамас

СН | дпа
30 декември 2025

Иран, според информации од Израел, работи на обновување на својот ракетен арсенал. Американскиот претседател Трамп сега му се заканува на Техеран со последици. Тој исто така го предупреди и исламистичкиот Хамас во Газа.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред влезот во неговата резиденција Мар-а-Лаго каде од левата и од десната страна се истакнати знамињата на САД и на Израел
САД „веднаш“ ќе интервенираат доколку Иран не ја прекине својата нуклеарна програма, порача ТрампФотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заканува на Иран со нови воени напади во соработка со Израел. Тој рече дека поддржува повторен израелски напад доколку Иран продолжи да произведува ракети, рече Трамп на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неговата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида. Тој зборуваше уште порешително за нуклеарната програма на Иран: САД „веднаш“ ќе интервенираат доколку е потребно. Исламистичкиот Хамас го обвини Трамп дека е одговорен за застојот на мировниот процес во Појасот Газа.

„Ќе го направиме тоа веднаш“, рече американскиот претседател за можните напади врз Иран доколку дипломатските напори не успеат и Техеран ја продолжи својата нуклеарна програма. За разлика од Израел, Трамп на тој начин се покажа отворен за обновување на дипломатските преговори со Техеран, пишува Волстрит џурнал.

Страв од нова војна

Еден од клучните советници на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, напиша на мрежата X дека ракетниот капацитет и одбраната на Иран не можат да бидат ограничени и не бараат ничија дозвола. „Секоја агресија веднаш ќе биде возвратена со силна реакција надвор од имагинацијата на нивните планери.“

Трамп по петти пат од стапувањето на функцијата се сретна со Нетанјаху. Овојпат во неговата приватна резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич, ФлоридаФотографија: Jim Watson/AFP

Во јуни, Израел водеше 12-дневна војна против својот заколнат непријател и заедно со САД бомбардираше нуклеарни постројки. Конфликтот продолжува и покрај прекинот на огнот - дипломатско решение не е на повидок. Според израелските информации, Техеран интензивно работи на обновување на својот ракетен арсенал. Во двете земји, неодамна се појавија извештаи за можно обновување на војната.

Закана и до Хамас

Трамп му се закани и на Хамас  со последици ако не го положи оружјето, како што е предвидено во мировниот план за војната во Појасот Газа. САД не сакаат ескалација, нагласи Трамп, но јасно стави до знаење: „Тие мора да се разоружаат во релативно краток временски период“. Втората фаза од неговиот мировен план предвидува разоружување на оваа терористичка организација. Ако не го сторат тоа, „за нив ќе биде навистина, навистина лошо“, предупреди Трамп.

Од 10 октомври во Газа има прекин на огнот, но и натаму продолжуваат да се случуваат смртоносни инциденти. Сè уште не се исполнети сите услови од првата фаза од мировниот план на Трамп. Иако сите преживеани заложници на Хамас се ослободени и израелската армија се повлече од делови од Газа, телото на еден киднапиран заложник сè уште е во Газа. Трамп се сретна со неговите родители и вети дека ќе направи сè за да ги врати посмртните останки на нивниот син.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми