1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Војна во Украина: Трамп сака да испрати ракети „Патриот“

ЖА
14 јули 2025

Најавата доаѓа помалку од две недели откако САД ги запреа испораките на оружје за Украина. Доналд Трамп е фрустриран од рускиот претседател Владимир Путин поради недостатокот на напредок во мировните преговори.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред микрофоните на новинарите во воздухопловната база Ендрус, САД
Американскиот претседател Доналд Трамп објави испорака на противвоздушни ракети „Патриот“ на УкраинаФотографија: Jacquelyn Martin/AP/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп ја објави испораката на противвоздушни ракети „Патриот“ на Украина. „Ќе им испратиме „Патриот“, кои им се очајно потребни“, им изјави Трамп на новинарите во воздухопловната база Ендрус, оставајќи го отворено прашањето колку системи ќе испрати, но додаде додаде дека ќе бидат неколку.

Оружјето ќе го финансира ЕУ: На народот на Украина му е потребна заштитата на ракетите „Патриот“, „но  Европската Унија  плаќа за нив. Ние не плаќаме ништо“, рече Трамп, тоа е бизнис договор. Осврнувајќи се на претстојниот состанок со генералниот секретар на НАТО,  Марк Руте, Трамп изјави дека одбранбената алијанса ќе купи американска воена технологија: „Во суштина ќе им испратиме разни парчиња софистицирана воена опрема, а тие ќе ни платат 100 проценти за тоа“. Трамп планира да се сретне со Руте подоцна оваа недела за да разговара за Украина и други прашања.

Украина побара од  САД да ѝ продадат повеќе ракети и системи „Патриот“, кои ги смета за клучни за одбрана на нејзините градови од руските воздушни напади.

Од почетокот на месецот, Русија дополнително го интензивираше интензитетот на своите напади - особено врз градовите во Украина. На 4 јули, украинскиот претседател  Володимир Зеленски  зборуваше за најинтензивните напади од почетокот на војната  - според него, руската војска употребила околу 540 дронови. Оттогаш следеа уште неколку руски напади, во кои беа вклучени стотици дронови.  Во текот на викендот, беа пријавени уште неколку смртни случаи  и повеќе од десет повредени како резултат на руските напади.

Најавата на Трамп  за испраќање „Патриот" би можела да се однесува на разговорите во Рим од минатиот четврток на  конференцијата за  обнова на Украина.  Германскиот канцелар Фридрих Мерц таму за прв пат јавно објави дека ќе купи системи за воздушна одбрана „Патриот“ од САД за да ги испрати во Украина. Може да станува збор за два системи, еден би можела да го плати Норвешка. Досега, Украина доби три системи „Патриот“ од Германија, кои беа дел од инвентарот на Бундесверот.

Трамп првично ги суспендираше испораките на оружје за Украина, но потоа се повлече. Во понеделник минатата недела, тој најави дополнителни испораки на оружје за Украина, иако не даде никакви детали.

САД се еден од најголемите поддржувачи на Украина од почетокот на војната, кога демократот Џо Бајден сè уште беше претседател на САД. Дури и под неговиот наследник, Трамп, тие останаа најважниот снабдувач со оружје. Меѓутоа, откако  Доналд Трамп  се врати во Белата куќа во јануари, САД се приближија кон Русија, вклучително и со иницирање директни разговори меѓу претставници.

Трамп го промени својот став кон завојуваните страни неколку пати во последните месеци. На моменти, според експертите, тој во голема мера ја усвои руската перспектива, дури и го понижи украинскиот претседател пред камерите во Белата куќа. Сепак, Трамп постојано изразуваше и  критики кон Путин.

За време на неговата изборна кампања, Трамп всушност вети дека ќе ја заврши војната веднаш по преземањето на функцијата. Поминаа пет месеци од тогаш, а војната продолжува да беснее со несмален интензитет.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми