1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаВенецуела

Трамп ја презема контролата врз венецуелската нафта

Тагесшау | ЕМФ
7 јануари 2026

Венецуела ќе им испорача на САД до 50 милиони барели нафта – најави американскиот претседател. А приходите ќе ги надгледува тој самиот, вели Трамп. Новото раководство во Каракас засега молчи по ова прашање.

Американскиот претседател Доналд Трамп
Венецуела ќе им испорача на САД меѓу 30 и 50 милиони барели санкционирана нафта, а тој самиот ќе ги контролира приходите од нејзината продажба, најави ТрампФотографија: Joe Raedle/Getty Images/AFP

Само неколку дена по американската воена интервенција во Каракас, претседателот Доналд Трамп, според сопствените изјави, директно интервенира во нафтената индустрија на Венецуела и ја обезбедува контролата врз приходите од продажбата на нафта.

Испорака од 30 до 50 милиони барели нафта за САД

Венецуела ќе им испорача на САД меѓу 30 и 50 милиони барели (еден барел има 159 литри) санкционирана нафта, а тој самиот ќе ги контролира приходите од нејзината продажба, најави Трамп.

Сè уште не е јасно во кој временски период Венецуела треба да го обезбеди количеството сурова нафта што го спомена Трамп. Овој обем приближно одговара на вкупното производство на венецуелската нафтена индустрија за еден до два месеца.

Нафтениот бизнис е најважниот извор на приходи и девизи за владата на Венецуела. Новото раководство во Каракас не даде коментар за најавата на Трамп.

Сè уште не е јасно во кој временски период Венецуела треба да го обезбеди количеството сурова нафта што го спомена Трамп (фото: скулптура на нафтена пумпа пред седиштето на државната нафтена компанија ПДВСА во Каракас)Фотографија: Fernando Llano/AP Photo/picture alliance

Нафтата треба да се продава по пазарна цена

Нафтата ќе биде транспортирана со бродови директно до пристаништата во САД, напиша Трамп на неговата платформа Truth Social.

Министерот за енергетика Крис Рајт добил налог овој план да го спроведе „веднаш“. „Оваа нафта ќе се продава по нејзината пазарна цена, а парите ќе бидат контролирани од мене, како претседател на Соединетите Американски Држави, за да се осигурам дека ќе бидат употребени за доброто на венецуелскиот народ и на САД“, додава Трамп.

Последици за венецуелската економија и ограничен ефект за САД

За Венецуела, губењето на приходите би било многу болно. За САД, пак, очекуваните приходи би претставувале релативно мала сума. И количеството на нафта има ограничено значење за САД: земјата, според владините информации, произведува речиси 14 милиони барели дневно.

Според замислата на Трамп, американските компании сега треба масовно да инвестираат и да ја обноват распаднатата нафтена индустрија во Венецуела. Многу демократи го обвинуваат претседателот дека ја нападнал Венецуела само поради нејзините нафтени резерви. Апсењето на властодржецот Николас Мадуро поради наводни деликти поврзани со дрога, според нив, било само изговор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми