1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаСоединети Американски Држави

Трамп: „Ја сакам инфлацијата“

ЕМФ | агенции
11 јуни 2026

Американскиот претседател Трамп предизвика бурни реакции со изјавата „Ја сакам инфлацијата“. Инфлацијата во САД достигна највисоко ниво во последните три години.

САД Вашингтон 2026 | Доналд Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика критики со изјавата за инфлацијатаФотографија: Aaron Schwartz/CNP/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика критики со својата реакција на новите податоци за растот на потрошувачките цени: „Бројките беа одлични (...) Ја сакам инфлацијата“, изјави Трамп во средата (10.06) пред новинарите. Тој уште еднаш посочи дека инфлацијата ќе „падне како камен“ штом ќе заврши војната со Иран.

Претходно, Министерството за труд во Вашингтон соопшти дека инфлацијата во САД во мај пораснала за 4,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, достигнувајќи највисоко ниво во последните три години. Силниот раст на цените главно се должи на горивата. Трошоците за енергија биле за 23,5 проценти повисоки отколку пред една година. Порастот на цените на бензинот е особено остар - цената на горивото е зголемена за околу 40 проценти.

Лидерот на Демократите во Сенатот, Чак Шумер, оцени дека овие изјави ја покажуваат незаинтересираноста на претседателот за финансиските тешкотии на граѓаните: „Трамп навистина рече: ‘Ја сакам инфлацијата.’ Пред камерите. Така што цела Америка можеше да го слушне тоа. Неговиот презир кон вас нема граници“, напиша Шумер на онлајн платформата Х. Неговата партија објави и пост со коментарите на Трамп на својот профил на Х.

Лидерот на Републиканците во Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, подоцна рече дека изјавите на Трамп биле извадени од контекст.

Трошоците за живот во САД веќе со месеци предизвикуваат незадоволство. Анкетите покажуваат значителен пад на поддршката за економската политика на претседателот Доналд Трамп. Демократите ги направија растечките цени централна тема во нивната предизборна кампања пред изборите за Конгресот на почетокот на ноември.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми