1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Трамп мора да плати отштета од 83 милиони долари

Тагесшау | ЕМФ
27 јануари 2024

Авторката Е. Џин Керол по вторпат победи на суд против Доналд Трамп. Поранешниот американски претседател треба да плати милионска отштета. Тој во првиот судски процес веќе беше осуден за сексуална злоупотреба.

САД, Њујорк | Е. Џин Керол
Aмериканската авторка Е. Џин Керол (во средина) го напушта судот во ЊујоркФотографија: Angela Weiss/AFP/Getty Images

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во втор судски процес за клевета е осуден на дополнителна отштета од 83,3 милиони долари (околу 77 милиони евра). Се работи за втора граѓанска тужба што ја покрена 80-годишната американска авторка Е. Џин Керол против 77-годишниот Трамп. Керол го обвинува Трамп дека ѝ го уништил имиџот со тоа што ја нарекол лажга. Одбраната на поранешната колумнистка побара отштета од околу 24 милиони долари. Сумата што сега ѝ е доделена е значително повисока.

Првата пресуда во мај 2023 година

Пресудата во првиот судски процес беше донесена во мај минатата година. Во тоа време, поротата го осуди Трамп за сексуален напад на Керол и телесни повреди. Керол го обвини Трамп дека ја силувал во соблекувална во луксузна стоковна куќа во Њујорк во 1996 година. Поротата го отфрли обвинението за силување. Сепак, членовите на поротата уште во првиот процес сметаа дека е докажано оти Трамп е виновен за клевета. Во првото судење, на Керол ѝ беше досудена отштета од 5 милиони долари. Трамп секогаш ги негираше обвинувањата. Тој инсистира на тоа дека никогаш не ја нападнал Керол и не ја познавал. Трамп, исто така, неколкупати тврдеше дека авторката и онака „не е мој тип“. Таа, според Трамп, лажела за наводниот инцидент за да ги продаде своите мемоари од 2019 година.

Клеветнички коментари против авторката

Уште пред почетокот на вториот судски процес судијата Луис Каплан одлучи дека подоцнежните коментари на Трамп биле клеветнички. Поради тоа, поротата мораше да одлучи само за висината на обесштетувањето кое Трамп мора да го плати. Поранешниот американски претседател во вториот судкси процес, за разлика од првото судење, се појави повеќепати лично во судот и поради бројни коментари беше опоменуван од судијата дека ќе мора да ја напушти салата. Трамп, меѓу дургото, новиот судски процес го критикуваше како „лов на вештерки“ и „измама“.

Доналд Трамп важи за најизгледен кандидат на Републиканците за претстојните претседателски избори во ноември. Тој во моментов е соочен со голем број судски постапки. Судските термини Трамп често го користи како еден вид предизборни собири.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми